Благодарение на модерната технологија откриени се многу соѕвездија на небесниот свод. Иако не ја поседувале оваа опрема, минатите генерации сепак имале некои сознанија за вселената. Библијата на неколку места споменува некои соѕвездија. „Он ги создал Мечката, Орион и Плејадата и ѕвездите на јужното небо” (Јов 9.9). Евреите имале свои народни имиња за овие соѕвездија: Ајиш или Аш, Кесли и Кимах, но нивното значење не е утврдено. Важно е само дека идентификацијата на соѕвездијата е потврдена во старите преводи од еврејски на грчки јазик.
Во неколкуте текстови од Библијата се спомнуваат ѕвездите Орион или Плејадите. Овој податок сигурно говори за исклучителната важност на овие соѕвездија, затоа ќе разгледаме нешто во врска со нив. Орион е зимско соѕвездие. Видливо е на ноќното небо во текот на зимските месеци. Преку лето би требало да биде видливо дење, но не е поради влијанието на сончевата светлина. Според положбата се наоѓа во близина на небесниот екватор, односно тој минува низ средината на ова соѕвездие, што го прави видливо од целата земјина површина.
Ако ги споредиме разните подрачја на небесниот свод и ги рангираме според бројот на привидно најсјајните ѕвезди, ова соѕвездие Орион се наоѓа на првото место. Во тоа подрачје се сконцентрирани повеќе такви сјајни ѕвезди отколку на целото останато видливо небо. Тука е и делумно најсјајната ѕвезда Сириус. Во близина на Орион се наоѓа отворено ѕвездено јато, видливо со голо око; Плејади, исто така спомнати во Библијата. Во него се наоѓаат најсјајните и најголеми ѕвезди: Ригел и Бетелгез. Ѕвездата Ригел е 18 000 пати посјајна од нашето Сонце! Тука е и познатата дифузна маглина со силен сјај која може да се види со голо око за време на ведрите вечери без месечина. Втората маглина, темна, обликувана во облик на коњска глава, исто така се наоѓа во ова соѕвездие.
Како што веќе рековме, небесниот екватор поминува низ средината на ова соѕвездие, па следејќи ја линијата на небесниот екватор, најлесно ќе го пронајдеме. Небесниот екватор е замислена проекција на земниот екватор на небесниот свод, па затоа во тропските краишта е замислена линија која ги поврзува исток и запад, преминувајќи преку зенитот. Во нашите краишта небесниот екватор минува низ небесниот свод од исток кон запад по полукружна линија, која од зенитит е наведната кон југ околу 45 степени.
Имајќи го ова на ум, како и распоредот на најсјајните ѕвезди, ако погледнеме кон небесниот свод лесно ќе го пронајдеме ова соѕвездие.
Во близината на соѕвездието Орион, нешто посеверно може да се воочи многу сјајна ѕвезда, посјајна од сите ѕвезди во тоа подрачје. Всушност тоа и не е вистинска ѕвезда туку една од планетоте во нашиот состав-Јупитер. Источно од неа изразена преку црвена боја е Марс. Ако ги набљудуваме ќе забележиме дека се придвижуваат во однос на другите ѕвезди, кои не се движат, па според тоа и во однос на соѕвездието Орион. Се движат кон исток со одредено застанување на некои места.
Небото е величенствена отворена книга за секого кој сака да го запознае делото на Севишниот, да ја види бескрајната мудрост на оној кој сето тоа го создал и неговата голема сила и моќ. Тој не повикува да истражуваме и размислуваме „Кренете ги очите свои кон небесните висини и погледнете, кој ги создал ? (Исаија 40.26)