ПЛАНЕТАТА – ЗЕМЈА

Нашата планета представува чудо – вистински скапоцен бисер во вселената. Колку повеќе се истражува и испитува планетата Земја, научниците увидуваат дека таа е врвно дизајнирана. „ Додека гледаме во универзумот и ги идентификуваме многуте појави од физиката и астрономијата кои дејствуваат во наша корист речиси изгледа како универзумот, во некоја рака, да морал да знае дека ние доаѓаме.(Scientifik Amerikan)

Астронаутите се восхитени од нејзината сјајност и убавина додека ја набљудуваат одозгора. Потрошени се многу средства и труд за откривање на живот на некоја друга планета во вселената. До каде што човекот можел да истражи, не е пронајдена друга планета на која би имало живот. Како е можно да нема ниту најмал облик на живот некаде, додека на Земјата има изобилство на живот? Постои чудесна, голема разновидност на жив свет: микроскопски организми, инсекти, растенија, риби, животни и луѓе. Освен тоа Земјата го поседува целиот амбиент за живеење,како и храна за разновидниот живот.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”561″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”600″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”600″}}]]

Креаторот на овој чудесен дом го создал сето ова за да може човекот да живее и ужива во него „и таму го смести човекот што го создаде”(1 Мој.2.8)

Луѓето во минатото имале некои погрешни сфаќања за Земјата. Кинезите ја посматрале Земјата како четвртаста површина со Кина во центарот на небото. Во Египет постоело верување дека Земјата е правоаголна основа на целиот свемир. Индусите учеле дека Земјата лежи на четири слона кои стојат на голема желка а таа пак на голема змија која плива по бескрајниот океан. Некои верувале дека Земјата е плоча која ја држи некое боженство.

Кога би ја истражувале Библијата би нашле исправни податоци за Земјата и за нејзиниот Творец.

Таа не стои на ништо ниту пак некој ја држи„ ја закачил земјата на ништо”( Јов 26.7 ).

Нејзиниот облик„ Он е оној, кој седи над земниот круг”(Исаија 40.22).

Создателот нејзин„ Кој ја распростре земјата и се што раѓа,Кој им дава здив на народите на неа и здив на суштествата што одат по неа”(Исаија 42.5)

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”558″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”200″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”600″}}]]

Материјалистичката филозофија нуди само случајност како објаснување за животот и складноста на вселената. Светот во кој живееме е еден пример за складност и убавина која стои пред нас. Со сите свои особини,овој свет е создаден од мрежа на осетливи системи за да овозможат погодни услови за неговите жители.

Кога ќе се спореди Земјата со другите планети, тогаш станува уште појасно дека таа е создадена за човекот. Водата во течна агрегатна состојба, во целата вселена, постои само на нашата планета. Таа е од голема важност за животот на Земјата. Секоја секунда милиони кубни метри вода испарува и поминува во атмосферата ,а потоа се враќа на копно. Систем,кој не е можно да се имитира ниту со најсовремена техника.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”559″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”200″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”600″}}]]

Атмосферата е важна како за одржување на животот така и за негова заштита. Гасовите од кои е составена се во прецизна врска и количество. Земјата се врти околу својата оска, која е наклонета за 23 степени во однос на сонцето. Тоа овозможува создавање на годишните времиња. Ако тој наклон биде за малку поголем или помал отколку што е сега, би имале неподносливи лета или екстремно ладни зими. Низ својата орбита околу сонцето, Земјата е оддалечена од него – 150 милиони км. Доколку би отстапиле 3 мм од утврдената орбита, тоа би било катастрофално за целокупниот живот на Земјата.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”560″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”300″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”600″}}]]

Има премногу работи кои се прецизно утврдени и усогласени за да Земјата функционира правилно. Овде споменавме само неколку работи. Оставено ни е и време во кое ќе се потсетиме за ова чудесно создавање „оти за шест дена ги создаде Господ небото и земјата,морето и се што е во нив; а во седмиот ден си отпочина, заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети.(2Мој.20.11 ).