Од сите соѕвездија, кои на целиот небесен свод ги има 89, Библијата спомнува само неколку, и тоа само два или три пати. Тоа се соѕвездијата Голема Мечка, Орион и Плејади, чии имиња потекнуваат од грчката митологија. Преведувајќи го Стариот завет, Ѓуро Даничиќ, ги користел народните имиња и ги наведувал по ист редослед. Прв пат овие соѕвездија се спомнуваат во Книгата на Јов: ”Тој ги создал Големата Мечка, Орион и Плејадите и ѕвездите на јужното небо” (Јов 9,9).
Вториот текст се наоѓа во истата книга: ”Можеш ли да го врзеш јазолот на Плејадите, да ги разврзеш врските на Орион” (Јов 38,31), но се спомнуваат само две соѕвездија. Третиот текст е во книгата на пророкот Амос: ”Побарајте го Господа, кој ги создал Плејадите и Орион…” (Амос 5,8). Јасно е дека писателот не тврди дека Бог ги создал само овие две соѕвездија, туку ги зема како пример. Дека Бог ги создал сите соѕвездија, јасно се гледа од текстот во книгата на пророк Исаија: ”Тој го создал сето ова”(Исаија 40,26). Евреите имале свои народни имиња за овие соѕвездија: Ајиш или аш, Кесли или Кимах, но нивното значење не е утврдено. Важно е само дека идентификацијата на соѕвездијата е потврдена во старите преводи од еврејски на грчки јазик. Во сите три наведени текстови се спомнуваат ѕвездите Орион или Плејади. Овој податок сигурно говори за исклучителната важност на овие соѕвездија, па во натамошното разгледување и ние ќе се позанимаваме со нив.
Орион е зимско соѕвездие. Видливо е на ноќното небо во текот на зимските месеци. Преку лето би требало да биде видливо дење, но не е поради влијанието на сончевата светлина. Според положбата се наоѓа во близина на небесниот екватор, односно небесниот екватор минува низ средината на ова соѕвездие, што го прави видливо од целата земјина површина. Елена Г.Вајт (Одбрани сведоштва,86). Секако дека и тоа е една од причините што Светото Писмо особено го истакнува ова соѕвездие. Затоа верувам дека секој чекател на второто Христово доаѓање би требало да се потруди и да го проучи тоа соѕвездие, неговиот изглед и положба на небесниот свод. Покрај кажаново, би сакал да изнесам уште нешто за подрачјето во кое се наоѓа ова соѕвездие. тврди дека од правец на Орион ќе се слушне Божјиот глас при второто Христово доаѓање, а дека и новиот Ерусалим ќе биде спуштен преку ова соѕвездие.
Ако ги споредиме разните подрачја на небесниот свод и ги рангираме според бројот на привидно најсјајните ѕвезди, подрачјето на соѕвездието Орион избива на прво место. Во тоа подрачје се сконцентрирани повеќе такви сјајни ѕвезди отколку на целото останато видливо небо.Тука е и делумно најсјајната ѕвезда Сириус. Во близина на Орион се наоѓа и особено отвореното ѕвездено јато, видливо со голо око: Плејади, исто така спомнати во Библијата. Во него се наоѓаат најсјајните и најголеми ѕвезди, Ригел и Бетелгез. Ѕвездата Ригел е 18 илјади пати посјајна од нашето Сонце! Тука е и познатата дифузна магла со силен сјај, која може да се види со голо око за време на ведрите вечери без месечина. Втората магла, темна, обликувана во облик на коњска глава, исто така се наоѓа во ова соѕвездие. Како што веќе наведовме, небесниот екватор поминува низ средината на ова соѕвездие, па, следејќи ја линијата на небесниот екватор, најлесно ќе го пронајдеме. Небесниот екватор е замислена проекција на земниот екватор на небесниот свод, па затоа во тропските краишта е замислена линија која ги поврзува исток и запад, преминувајќи преку зенитот. Во нашите краишта небесниот екватор минува низ небесниот свод од исток кон запад по полукружна линија која од зенитот е наведната кон југ околу 45 степени. Имајќи го на ум распоредот на најсјајните ѕвезди и положбата на небесниот екватор вака како што сега е опишан, ако со поглед прошетаме низ небесниот свод следејќи ја линијата на небесниот екватор, лесно ќе го пронајдеме ова соѕвездие. Не треба да се плашиме од проучувањето и набљудувањето на ѕвездите. Библијата забранува гатање (гледање) според ѕвездите, односно одредување на судбината на луѓето и претскажување на настани според ѕвездите, бидејќи верувањето во хороскоп и гатањето е неспоиво со верата во вистинскиот Бог. Таа дури повикува на проучување на небото: ”Подигнете ги нагоре своите очи и видете…” (Исаија 40,26).
Значи, меѓу задачите кои Бог му ги одредил на човекот, припаѓа и проучувањето на Божјите дела на Земјата и во вселената. Библиските објави за ѕвездите од соѕвездието Орион ги откриваат основните поставки за темелите на кои почива вселената.На пример, Јов, зборувајќи за Плејадите и за Орион, го истакнува постоењето на одредена физичка врска помеѓу ѕвездите од ѕвезденото јато Плејади. Тие се толку збиени, не привидно, туку реално, така што меѓусебно се поврзани со одредена физичка врска. Таа врска постои и помеѓу ѕвездите од соѕвездието Орион, иако не се толку изразени. Всушност, библискиот писател овде зборува за гравитацијата која меѓусебно ги “врзува” ѕвездите од јатото Плејади, така што збиени на потесен простор, како целина заедно патуваат низ просторот. Постоењето на физичка врска меѓу ѕвездите на јатото Плејади, така што збиени на потесен простор, како целина заедно патуваат низ просторот. Постоењето на физичка врска меѓу ѕвездите на јатото Плејади е докажано во минатиот век, со испитување на таканаречените сопствени движења на ѕвездите од ова јато. Мерењата покажаа дека сите ѕвезди од ова јато имаат исти сопствени движења по небесниот свод,што значи дека тие движења се еднакви по големина. И на други места во Библијата се зборува за темелите на вселената, т.е. за законите на кои почива вселената. Тие темели се цврсти и вечни. Во близина на соѕвездието Орион, нешто посеверно, може да се воочи многу сјајна ѕвезда, посјајна од сите ѕвезди од тоа подрачје. Всушност, тоа и не е вистинска ѕвезда, туку една од планетите во нашиот состав, планетата Јупитер. Источно од неа може да се воочи друга ѕвезда со црвена боја, со нешто послаб сјај. Ниту тоа не е вистинска ѕвезда, туку планетата Марс. Да се обидеме да ги следиме положбите на тие две планети од месец во месец, од година во година. Ќе забележеме дека се придвижуваат во однос на другите ѕвезди кои не се движат, па според тоа, и во однос на соѕвездието Орион. Се движат кон исток со одредено застанување на некои места. Небото е величествена отворена книга за секого кој сака да го запознае делото на Севишниот, да ја види бескрајната мудрост на оној кој сето тоа го создал и поради неговата голема сила и моќ не изостанува ниту едно.