ВСЕЛЕНСКИ БРЗИНИ И ГОЛЕМИНИ

Овде ќе споменеме бројки кои се над човечките способности за да се справи со нив и да ги управува. Тие упатуваат на некој кој има сила да ги создаде и да ги контролира.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”186″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”435″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”600″}}]]

СОНЦЕТО: има 1 000 000 пати поголем волумен од оној на Земјата. Гасовите што испаруват од јужниот пол се движат со брзина од 3000000 км на час. Видливата површина на Сонцето има температура од 6000 ˚С а во неговата внатрешност се покачува на 14 милиони˚С. Според астрономските пресметки, Сонцето во оквирот на нашата галаксија, се движи со брзина од 720 000 км/час. Освен топлина, светлост и зрачење, Сонцето спрема Земјата испраќа ветар составен од протони и електрони кои се движат со брзина од 1,5 милијарди км/час.

И покрај сите овие особини, Сонцето спаѓа во една од помалите ѕвезди во вселената.

Најголемите познати звезди се црвените џинови, како на пример Бетелгејс.

− Во 1997 год. е откриена досега најсветлата ѕвезда во млечниот пат. Ѕвездата Пиштол ( наречена според формата на облакот прашина околу неа ) која свети со интензитет рамен на 10 милиони Сонца.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”187″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”600″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”600″}}]]

ЈУПИТЕР:се движи со толкава брзина што во средината набабрува и потоа се израмнува на двата пола. Околу него кружат 16 месечини.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”188″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”591″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”600″}}]]

НЕПТУН: карактеристичен по сината боја од гасот метан. Ветровите кои дуваат таму се движат со брзина од 2 200 км на час. Силните торнада кај нас се како развигорче во споредба со овие.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”189″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”599″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”599″}}]]

ЗЕМЈАТА: околу својата оска ротира со средна брзина од околу 1 670 км/час. Ако имаме во вид дека најбрзиот куршум има просечна брзина од 1 800 км/час, увидувама колку брзо се движи таа и покрај својата голема маса. Но околу Сонцето, таа се движи 60 пати побргу од куршумот – 108 000 км/час.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”190″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”600″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”600″}}]]

МАРС: Вселенските испитувања потврдиле дека на Марс има згаснат вулкан трипати повисок од Монт Еверест, како и огромни кањони од кои еден е четирипати поголем од Големиот Кањон.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”191″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”447″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”600″}}]]

САТУРН: прекрасна планета , благодарејќи на стотиците прстени што ги има, од кои некои се со широчина од 250 000 км.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”192″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”600″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”591″}}]]

УРАН: една од најладните планети во сончевиот систем. Овде е измерена температура која никој не би ја издржал −224˚С.

Овие бројки не се ограничени само на овие објекти. Целиот наш Сончев систем е фасцинантен. Брзината на овој систем е таква, да ги пробива границите на логиката.Сончевиот систем ротира околу центарот на галаксијата со брзина од 720 000 км/час.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”193″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”405″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”600″}}]]

Додека брзината на нашата галаксија „Млечен Пат” која содржи 200 милијарди ѕвезди, изнесува 950 000 км/час.

− Би помислиле дека овие големини и брзини функционираат на работ на пропаста. Меѓутоа, овде се функционира беспрекорно и нема потреба од исправки.

„Јас ја создадов Земјата и го создадов на неа човекот; Јас – Моите раце ги простреа небесата, и на сета нивна војска Јас им дадов закон − вели  БОГ.