Уште од ренесансата, стручњаците по анатомија го споредувале животинскиот систем за варење со човечкиот. Кој вид на цицачи е најблизок до човечкото суштество? Тревопасните или месојадците?
Да направиме еден брз преглед на основните карактеристики на системот за варење кај човекот и животните:
Заби
Месојадци: истакнатите очњаци го сечат и кинат месото скоро без џвакање.
Тревопасни: многу развиените катници овозможуваат дробење на храната и нејзино претворање во каша.
Човек: очниците се мали, се разликуваат од очниците на месојадните животни. Катниците повеќе наликуваат на катниците на тревопасните, во состојба се да ги соџвакаат и иситнат растителните влакна и житарките.
Вилици
Месојадци: можат да се придвижуваат само горе – доле со што се овозможува кинење на храната.
Тревопасни: овозможуваат и странични движења, за да храната би се иситнила и натопила со плунка.
Човек: ги остварува сите движења, слично на вилиците на тревопасните животни.
Плунка
Месојадци: има мала pH вредност (киселост) , потребна за варење на протеините од месото.
Тревопасни: имаат голема pH вредност ( базност) која овозможува подобро варење на јаглените хидрати.
Човек: плунката му е алкална (базна) како кај тревопасните. Освен тоа, содржи амилази, птиалини, ензими кои го почнуваат варењето на скробот, и кои се наоѓаат само во производите од растително потекло. Плунката е потполно прилагодена за исхрана од растително потекло.
Систем за варење
Месојадци: нивниот систем за варење е пократок отколку оној на тревопасните. Тоа значи, дека месото мора да биде сварено и елиминирано, зошто неговото разложување и гниење во цревата би предизвикало штетни супстанции кои би ги отруле животните.
Тревопасни: имаат долг систем за дигестија, кој овозможува релативно спор премин на производите (до три дена). На растителните производи им е повеќе време за варење, но не гнијат во цревата и не преизвикуваат отровни супстанции.
Човек: пропорционални подолги црева отколку кај месојадците, но не и толку долги како цревата кај тревопасните. Поради тоа можат да јадат месо, но при тоа може да дојде до гниење, посебно во случај на затвор или бавно поминување низ цревата. Се ослободуваат од отровните супстанции (кадаверин, индол, скатол,..) кои поминуваат во крвотокот и предизвикуваат мигрена, алергија, посип и др. симптоми. Човекот има најголема способност за прилагодување, па може да се каже дека човекот е анатомски и физиолошки создаден да биде вегетеријанец, иако има можност на прилагодување кон мешовита храна.