Текстови

ЕФЕКТОТ НА ПОЗИТИВНИОТ СТАВ И ПОЗИТИВНИТЕ МИСЛИ

Денес оние кои се занимаваат со невроните во мозокот, потврдуваат дека нашето мислење е толку моќен процес кој може да распрска милиони хемиски кесички на соодветна адреса во мозокот и така длабински да го менуваат нашето расположение, чувствата и делувањето. Научникот John Eccles укажува на тоа дека нашето мислење може да го модификува генетскиот материјал.

Позитивното размислување има подеднакви исцелителни ефекти како на телото така и на мозокот. Духовната гимнастика во вид на молитва, позитивни мисли, несебична љубов, има од страна на неколку независни студии потврден исцелителен ефект врз телото и умот.

Некои студии покажале пренасочување на протокот на крвта во мозокот спрема местата кои во тој момент се одговорни за создавање намери и донесување одлуки. Изгледа дека нашиот ум има можност да со фокусирање на нашето внимание, смислено активира одредени делови на мозокот. Тогаш овие мозочни центри создаваат чувство за тоа што треба да се стори во одредена ситуација.

Негативните мисли, како зависта, омразата, лагата и др. делуваат разорувачки врз личноста.

Научниците откриле дека секоја мисла или активност остава трага на нервните влакна, така да преносот на истата мисла или активност постанува полесно во понатамошниот живот. Секоја мисла, чувство или активност која се повторува, предизвикува физички и хемиски промени врз нервниот систем. Тие, кога еднаш ќе се зацврстат во нашиот мозок, ќе ни бидат за благослов или за проклетство. Секој, дури и најмалиот потег на доблест или порок, остава своја трага која никогаш не е безначајна.

Верата, надежта и љубовта се фундаментални принципи на психолошкото здравје, развој и раст на единката. Кога луѓето ќе се утврдат во верата, нивниот имунолошки систем постанува посилен и поспремен за нападите од надворешната средина. Во исто време верата која протекува низ невро – хемиски патеки, го спречува протокот на сомнеж кој може да ослаби и изнемошти.

Кога сме исполнети со надеж, патеките на надежта во мозокот ќе активираат форми на позитивно и радосно делување. Надежта ја мобилизира психичката енергија,обезбедува сигурност во позитивен исход, ги стабилизира чувствата и мислите.

Мудриот совет е да размислуваме за се она што е вистинско, што е чесно, праведно, чисто, љубезно, добро – на тоа мислете.