Една од најкомплексните структури за која се знае во универзумот. Човечкиот мозок се состои од околу 100 милијарди нервни ќелии, кои поврзуваат скоро неверојатни 400 илјади километри нервни влакна. Тие влакна, често се разгрануваат за да се поврзат со други нервни ќелии. Една голема нервна ќелија може да се поврзе со 600 други нервни ќелии со помош на околу 60 000 врски. Вкупниот број на врски во мозокот се проценуваат на околу 100 000 милијарди. Ова се бројки кои тешко можат да се замислат.
Во нашиот мозок се одвива бурна ментална и координирана активност. Околу 30 различни видови на хемикалии се користат за пренос на импулсот кај контактот помеѓу една нервна ќелија и друга. Дали ова комплексна структура настанала по пат на случајни нафрлувања, во процесот на еволуција ?
Многумина го споредуваат мозокот со супер компјутер, што посочува кон дизајнер – Бог, зашто познато е дека компјутерите сами не се организираат и склопуваат.
1,5 килограми материја која размислува, а потоа се истражува самата себе, зошто размислува и како размислува.
Во нашите екстремно сложени мозоци има 1000 пати повеќе врски отколку ѕвезди во нашата галаксија. Ако би ја растегнале ДНК од сите ќелии и ги поврземе би ја надминале ширината на целиот Сончев систем.
Со површина од 0.23 м² нашиот мозок прима 100 милиони пораки во секунда. Следува филтрација на овие пораки за да се добијат оние кои ни се најпотребни. Тој е опкружен со течност која го штити од потреси.
Освен материјалните работи тој е способен да ги согледува и духовните компоненти на животот. Ова го прави уникатен и без споредба во реалниот свет.
Просечниот човек користи од 3 – 6% од капацитетот на мозокот. Тој има многу поголем потенцијал од оној што можеме да го искористиме во целиот наш живот. Како да е наменет да функционира за друг свет и време !
Да не заборавиме, постојат уште многу работи што треба да се научат за деликатната и совршена рамнотежа на разните процеси во мозокот.