Многубројни истражувања покажуваат дека омега 3 киселините спречуваат воспаленија и помагаат во заштитата од разни заболувања како што се срцевите заболувања и артритис .
Освен тоа што не заштитуваат од инфекции и воспаленија, омега 3 киселините му се неопходни на мозокот, а посебно неговото фатално развивање. Според медицинскиот центар на универзитетот од Мериленд, омега 3 киселините исто така можат да:
- го подобрат здравјето на артериите кои водат до мозокот како и да спречат згрутчување на крвта во нив.
- помогнат при зголемен холестерол во крвта со што ги намалуваат триглицеридите a го покачуваат нивото на чистиот холестерол.
- помогнат при зајакнување на зглобовите со што се намалува ризикот од заболувања како артритис и остеоартритис.
- го подобрат здравјето на коските со тоа што го регулираат нивото на калциум во коските кој го намалуваат ризикот за ронење на коските.
- го подобруваат менталното здравје со тоа што ги штитат нервните келии во мозокот дозволувајќи тие нервни келии да комуницираат подобро една со друга.
- Луѓето кои што имаат дефицит на омега 3 маснотии најчесто страдаат од депресија, шизофренија, нарушување на желбата за јадење и сл .
- го подобруваат здравјето на кожата со тоа што ги ублажува инфекциите на кожата како што се акни и псоријаза.
- го подобруваат здравјето на цревата со тоа што ги намалуваат ризиците за воспаление на цревата.
- го подобруваат здравјето на плуќата и штитат од воспаленија и болести како астма .
- помагаат за време на менструалниот циклус кај понежниот пол со тоа што ги намалуваат болките пред и за време на менструалниот циклус .
Познато е дека заболувањето од рак на дојка и простата се најчесто резултат од слабо конзумирање на омега 3 киселини.
Томе Трајков