АТОМОТ – Божјото мало чудо

Од првата половина на 19 век, стотина научници деноноќно работеле обидувајќи се да ја откријат тајната на атомот. Многумина физичари конечно се сложиле, дека во структурата на атомот постои совршен ред, непогрешлива рамнотежа и свесно обликување како и во целата вселена. Скоро секој знае, дека неговото тело, вселената, светот, накратко се, се состои од атоми. Потребни се многу страници за да го опишеме формирањето на системот и моќта на само еден атом.

Атомот, кој ја изградува материјалната вселена, своето постоење го должи на меѓусебното дејство на следниве сили:

– ЈАКА НУКЛЕАРНА СИЛА

– СЛАБА НУКЛЕАРНА СИЛА

– ГРАВИТАЦИОНА СИЛА

– ЕЛЕКТРОМАГНЕТНА СИЛА

Овие основни сили овозможуваат формирање на вселената низ совршено распоредување на нивната јачина.

1. Јака нуклеарна сила – ги држи честиците кои го формираат јадрото на атомот заедно. Таа е најголема сила дефинирана по законите на физиката.Обезбедува да протоните и неутроните во јадрото на атомот останат заедно и да не се одвојуват. Таа ги држи на одредено растојание еден од друг, но сепак заедно. Јачината на таа врска е вниматално подесена.

2. Слаба нуклеарна сила – сигурносен појас на атомот.

Една од најважните работи во одржување на редот на Земјата е рамнотежата во атомот. Таа рамнотежа обезбедува да објектите не почнат наеднаш да се распаѓаат или да емитуваат штетно зрачење. Неутронот, ако е потребно, може да се промени во протон. Така настанува друг атом, кој го продолжува своето постоење без да се распадне. Сигурносниот појас ги штити живите организми од опасностите кои би настанале од честиците што неконтролирано се ослободуваат и им штетат на луѓето.

3. Електромагнетна сила – ги одржува електроните во орбитата. Секоја честица носи „ електрично наелектризирање” и постои сила помеѓу тие електрични наелектризирања. Таа сила обезбедува да честиците со спротивно наелектризирање меѓусебно се привлекуваат, а честиците со исто наелектризирање се одбиваат. Со тоа се обезбедува да протоните во јадрото на атомот и електроните кои патуваат во орбитите околу него меѓусебно се привлекуваат. На тој начин ” јадрото и електроните” двата основни елементи на атомот, остануваат заедно.

4. Гравитациона сила – таа е единствена сила која секојдневно ја чувствуваме, а најмалку знаеме. Обично позната како гравитација, таа сила всушност е „сила на привлекување на масите”. Иако тоа е најслаба сила во споредба со другите сили, со неа се привлекуват многу големи маси. Оваа сила е причина поради која галаксиите и ѕвездите во вселената остануваат во орбитите една кон друга. Ние сме во можност да чекориме по земјата поради делувањето на оваа сила.

Совршен дизајн и совршен ред преовладува во целокупната вселена, конструирана на темелите кои ги обезбедуваат овие основни сили.

– Воздухот, водата, планинита, растенијата, нашето тело се што гледаме од најлесното до најтешкото, е формирано од атоми. Тие се толку мали ( еден милионити дел од милиметарот) да и со најсовремени микроскопи тешко се забележуваат.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”566″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”200″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”600″}}]]

Пример: ако сакаме да ги изброиме сите атоми во едно зрно сол, и ако можеме да броиме милијарда атоми во секунда, би ни требале 500 години да ги преброиме сите атоми во тоа зрно. Што се наоѓа во тоа мало чудо ?

Наспроти својата мала величина, постои единствен и сложен, совршен систем внатре во атомот, кој по својата исклучителна содржина може да се спореди со системот кој го гледаме во вселената.

Јадрото е сместено во средина на атомот, составено од извесен број протони и неутрони. Полупречникот на атомот е 10ˉ¹º метри а полупречникот на јадрото 10ˉ14, околу билион пати помала зафатнина од атомот. Но постои нешто што изненадува. Иако големината на јадрото е билион пати помала од атомот,масата на јадрото содржи 99,95% од масата на атомот. Значи, целокупната маса на атомот е акумулирана во јадрото.

Тоа е како да имаме куќа од 100 милиони квадратни метри а да целиот намештај го ставиме во соба од 1 квадратен метар. Јадрото е во можност тоа да го направи благодарејќи на огромната сила, која не е налик ни на една друга сила во вселената – јаката нуклеарна сила.

Творецот – Господарот на сите светови, ги држи ѕвездите во своите орбити со најслабата од сите сили и го држи јадрото на малиот атом како целина со најсилната од сите сили. Сите тие сили делуваат во границите кои Тој ги одредил.

(Чудо Атома – Харун Јахи)