Текстови

Божествена геометрија

Геометриската форма се изразува во четири основни облици – во линии, правоаголник, триаголник и круг. Секој од нив, сам или заедно со другите, даваат свој придонес за развивањето на природните убавини.

Кај многу видови растенија линијата е основен облик. Тревата е изразит пример. Лисјата на тревата се линеарни и нежно се брануваат на секое дување на ветерот. Има ли нешто попријатно за окото од пченичното поле кое брановидно се повива на ветерот? Линеарниот облик се гледа кај стебленцата кои на себе носат класје. Ако е тоа пченица, класјето се исправени, ако е зоб, тогаш се одделени и наведнати. И многу други растенија , освен тревата, на пр. Трската рогозината се градени според линеарниот систем. Некоја од нив, во извесна смисла е различна од другите, но сите на својот начин посебно се убави.

Да се позанимаваме сега со другиот облик, со кругот. Го наоѓаме кај лисјата на некои растенија, како поточарката и кај некои школки. И овде се јавуваат неброени варијации, како што е незначителното отстапување од обликот на вистинскиот круг и сл, понекогаш и семката е сплескана или тркалезна. Интересна варијација на кругот е и топката (кугла) кај која сите линии опишуваат круг. Портокалот е добар пример на таков облик. Како можело да се случи портокалот при растењето да добие токму таков облик ? Кога малечкиот плод во цветот на портокалот ќе почне да се развива, клетките во сите насоки еднакво се делат и на крај настанува топка.

Да го погледнеме другото овошје! Јаболката расте на ист начин како и портокалот, но варира околу обликот на вистинската топка. Крушата расте на посебен начин, зошто на почетокот расте побргу кај цветот, а потоа тежиштето на растењето се пренесува на подрачјето поблиску до дршката, што на крушата и го дава нејзиниот посебен облик.

Зошто постојат сите тие варијации? Да поставиме едно друго прашање, каков би бил тој свет кога не би имал разноликост? Овошјето како продукт би било исто толку драгоцено и кога сето би имало ист облик. Единствената причина за варијациите е во тоа што различните облици ни овозможуваат повеќе уживање. Прашајте кој било уметник дали таканаречената “мртва природа“ би било исто толку убава кога на една слика би биле прикажани само јаболка , или круши, или портокали и тоа наполно еднакви по боја или облик! Потребна е разновидност во боите и во облиците за да се создаде убавина според вкусот на уметникот. Токму во разновидноста ние можеме да ја видиме совршената мудрост на големиот Уметник.