Текстови

БОЖЈО СОЗДАВАЊЕ ИЛИ НАСТАНОК НА СЛЕПО

Една од особините на живите организми е способноста за размножување.

Размножувањето е сложен процес каде што е вклучено прецизно копирање на многу сложените делови на ќелијата. Таквиот процес мора да биде програмиран во генетскиот код на ќелијата, информации кои се врежани во неа. Специјалистите по информатика се сложуваат дека информациите не се создаваат и не можат да се создадат спонтано.

Многумина научници укажуваат дека можноста да се создаде животот од нежива матарија е еднакво на нула. Основниот закон во биологијата (биогенеза) вели дека живите организми настанувааат само од живи организми. Ова преку експеримент го покажал Луј Пастер и додал: „Никогаш повеќе доктрината за случајната генерација нема да се опорави од смртниот удар на овој прост експеримент”. Но за некои овој закон не важи, па продолжуваат да веруваат во спротивното. Ние насекаде гледаме дека живото произлегува од живо, а живото да произлезе од неживо не е забележано никаде.

Колкави се шансите за создавање на само едн протеин кој е дел од клетката ? Бројот на години за ова би бил 10 со 171 нула. Дури и кога оваа постапка би се одвивала илјада пати побргу. Ова е преголема бројка за нас.

Научниците процениле ; ако целата вселена се исполни со песок,бројот на зрнцата би бил 10 со 100 нули, додека претходно споменавме 10 со 171 нула. Но тоа е само еден протеин кој сеуште не претставува жив организам,

» Големиот француски математичар Емил Барел докажал дека шансата од 1 спрема 10 со 50 нули претставува невозможна случка. Но и ова некои не го земаат во обзир.«

Да разгледаме еден сегмент од човечкото тело. Механизмот за коагулација на крвта вклучува преку 12 неопходни фактори. Кога само еден од нив недостига, на пример фактор 8, доаѓа до болеста – хемофилија (неспособност за згрутчување на крвта и опасност од целосно искрварување) Всушност, недостатокот од било кој од овие фактори, предизвикува по некоја болест која го попречува згрутчувањето на крвта.

Значи сите процеси мораат да постојат и да функционираат заедно.

Дека на слепо не настанува ништо, посочува и британскиот автор Род Гарнер : „Би можеле да тврдиме дека делата на Шекспир настанале сослучајно чукање на машина од страна на некој мајмун, но ниеден разумен човек не би се нафатил да ја брани оваа теза” .

Но сепак некои ја бранат оваа теза тврдејќи дека; ништото создало нешто, бесмислата создала смисла,неживото – живо, хаосот – ред и закон.

Настанало само од себе или некој го создал сето ова ?

Сета уреденост на вселената, законите и прецизните параметри на се што постои,појавата на духовна личност (човекот ) укажува на некој кој осмислува и создава. Кога предрасудите ќе ги отстранима сите овие работи ќе не упатат кон ТВОРЕЦОТ.