Текстови

ЧУДАТА НА СОЗДАВАЊЕТО – Комарец

Она што е нашироко познато за комарците е дека цицаат крв и се хранат со неа. Но тоа не е потполно точно, зошто крв не цицаат сите комарци, туку само женките. Крвта не им е потребна за да се хранат со неа, туку во крвта бараат протеини потребни за развој на нивните јајца. Мажјаците и женките се хранат со нектарот од цвеќињата.

Кога комарецот ќе слета на површината на водата, неговата глава не ја допира водата, зошто еден миг без воздух е доволен за да предизвика шок кај комарецот. Дури и слабиот ветар или малото бранување на водата можат да бидат смртоносни за комарецот.

Комарците се опремени со исклучително осетливи приемници за топлина. Разните предмети ги запазуваат со помош на нивната топлина, па и во целосен мрак ги забележуваат крвните садови.

Нивните топлотни приемници се толку осетливи да забележуваат промена во температурата помала од 1 илјадити дел од целзиусовиот степен.

Како доаѓаат до крвта ? Комарецот не ја продупчува кожата, туку горната вилица која е остра како нож ја засекува кожата и низ отворот ја спушта боцката при што ја цица крвта.

Меѓутоа, познато е дека и при најмала повреда на крвниот сад, телото лачи ензим кој ја згрутчува крвта и го спречува истекувањето. Значи комарецот не би можел да ја извлече крвта.

Но тој има решение за ова. Пред да ја впие крвта комарецот испушта специјална течност која се лачи во неговото тело, во отворениот процеп на организмот. Таа течност го неутрализира ензимот кој предизвикува згрутчување на крвта. Чешањето и отокот кои настануваат на местото на убодот, се предизвикани од делувањето на течноста која го спречува згрутчувањто.

Од каде комарецот има познавање за човечкото тело ?

За да создаде течност против ензимот треба да ја познава неговата хемиска структура. Како е можно ова ?

Сосема е јасно дека Творецот на се што е живо го обдарил со овие особини.