Текстови

ЧУДЕСНАТА ТЕЧНОСТ НАРЕЧЕНА – ВОДА

Нејзиното создавање

Својствата кои ги поседува

Водата прекрива две третини од нашата Земја.Телата на живите организми ја содржат оваа течност во однос кој варира од 50% – 95%.Уште на почетокот Бог ја создал оваа течност, неопходна за сиот живот кој потоа бил создаден. Дури и во една капка вода која после дождот паѓа на земјата, се појавуваат илјадници микроскопски живи организми, кои се размножуваат и умираат. Земјата без вода би била пустина, како и другите планети од Сончевиот систем. Единствено ја има,и тоа изобилно, само на Земјата.

Создавање: Водата всушност многу тешко се формира, дури и кога молекулите на водородот и кислородот ги ставиме заедно во еден стаклен сад. Овие гасови можат да не формираат вода, иако во садот заедно поминат стотина години. Дури и да формираат, тоа би била мала количина на самото дно. Причината е температурата. На собна температура водородот и кислородот многу бавно реагираат. На Земјата моментално не постои температура доволно висока за да овозможи формирање на вода. Топлината е обезбедена уште на почетокот, со создавањето на Земјата, кога е создадена и водата. Водата испарува и оди во атмосферата каде се лади,потоа се враќа назад во облик на дожд. Се проценува дека секоја секунда отприлика 16 милиони тони вода испарува од Земјата. Тој број е еднаков на количината на водата која секоја секунда паѓа на Земјата. Значи нема зголемување на количината туку постојано кружење.

Особини на водата: Таа може да се појави во гасна состојба (водена пареа) како течност и во цврста форма (мраз).

Водената пареа оди нагоре и се формираат облаци кои можат да бидат многу тешки. Во еден олуен облак се акумулира повеќе од 300 000 тони вода. Вистинско чудо е како се одржува горе на небо таа количина.

Водата поседува особина спротивна од другите супстанции,нејзината тврда состојба е полесна од течната (мразот е полесен од водата). Така да морињата почнуваат да замрзнуваат одозгора,зошто заледениот слој е полесен и се качува нагоре. Горниот слој го изолира од надворешниот студ течниот дел кој е под него,и го штити од целосно замрзнување.

Таа има улога на регулирање на температурата на Земјата, благодарение на нејзиното бавно испарување и замрзнување. Ако температурата на воздухот нагло расте- кај водата таа расте полека,и обратно,ако температурата на воздухот нагло опадне- кај водата паѓа полека. Бидејќи нашето тело содржи поголема количина вода, овој принцип ни помага при регулирање на телесната топлина.

Интересно е што како комбинација на водород и кислород (гасови) едниот запалив а другиот го помага согорувањето, се добива течност. Структурата на водата и нејзината количина која ја поседува Земјата, е во точна рамка која е потребна за целокупниот живот. Творецот на овие чудесни работи се погрижил да се функционира беспрекорно.