Текстови

ДА НАУЧИМЕ ОД ОРЛИТЕ

Интересна работа во врска со орлите е како тие ги градат своите гнезда.

Изградбата на гнездото започнува со секакви видови на бодликави и остри нешта како трње и шилести стапчиња. Потоа мајката орел го исполнува оваа место со најмеките нешта кои може да ги пронајде. Волна, пердуви и крзна од нејзиниот плен го менуваат гнездото во не само посакувано место, туку и удобно место за живеење. Така малечките растат во многу удобна средина.

Во соодветно време, мајката започнува обратен процес. Таа почнува да го разградува гнездото на тој начин што ги остава острите и бодликави гранки со кои започнала да го гради гнездото. Волната, пердувите и крзната ги фрла на ветерот, така што гнездото повеќе не е удобно место.

После краток период, малечките сега доволно големи да заминат, не можат да го поднесат овој дискомфорт и непријатност на гнездото и сакаат да бидат на друго место.

Овој е начинот на кој мајката ги принудува нејзините малечки кон созревање. Таа знае ако тие не излезат, не почнат да се грижат сами за себе, тие ќе немаат иднина.

Бог ќе ги растури нашите гнезда, нашите удобни места за да не мотивира да растеме и созреваме. Невојлите се тие кои ни помагаат да видиме нови можности кои не сме ги забележувале претходно. Бог вградил инстинкти кај животните за да можат да преживеат, но многу може да се поучиме токму од нив.

„Но на оние кои се надеваат во Господа, силата се обновува, им растат крилја како на орлите, трчаат и не постануваат, одат и не се уморуваат“. (Исаија 40,31)