Текстови

Еволуција – Преминување Од Вода на Копно

Се претпоставува дека морските безрбетници, некако еволуирале во риби низ текот на многу години. Еволуционистите долги години пребарувале докази за ова. Тие пронашле милиони фосили на безрбетници и милиони фосили на риби, но не пронашле ниеден фосил кој стои помеѓу нив. А потоа еволуцијата продолжила со излегување на рибите надвор на копно менувајќи се во копнени животни.

Зошто преминот од вода на копно е невозможен?

1. Носење на сопствената тежина: Суштествата кои живеат во морето немаат проблем со ова. Меѓутоа, повеќето животни кои живеат на копно трошат 40% од својата енергија во носење на сопствените тела. Суштествата кои би излегле на копно би требало да развијат нов мускулен и коскен систем да би одговориле на новата потреба за енергија, што е невозможно да се случи со случајна мутација.

2. Задржување на топлината: На копно температурата може бргу да се менува и да варира во широк опсег. Суштествата кои се на копно имаат телесни механизми кои им овозможуват да издржат вакви промени. Меѓутоа, во морето неме такви драстични температурни разлики. Организмите кои имаат телесен систем подготвен за температурата во морето, би требало да поседуваат заштитен систем да би издржале минимална штета од температурните промени на копно. Бесмислено е да се тврди дека ова го стекнале со самото излегување на копно.

3. Искористување на водата: Она што е потребно за метаболизмот е тоа да водата, дури и влажноста, треба да бидат користени штедливо поради оскудните извори од вода на копно. На пример, кожата треба да е таква што би овозможила губење на водата само до одредена мерка а во исто време да спречи прекумерно испарување. Затоа животните кои живеат на копно имаат чувство на жед, а оние во вода го немаат. Исто така кожата на животните кои живеат во вода не е погодна за на копно.

4. Бубрези: Животните кои живеат во вода может лесно да ги исфрлат отпадните материи, посебно амонијакот, затоа што во нивната средина има многу вода. На копно водата се користи економично. Ете зашто овие животни имаат бубрези. Со нивна помош амонијакот се складира така што се претвара во урина, па така се користи минимална количина на вода за негово исфрлање. Значи, со цел да излезат на копно животните без бубрег, треба наеднаш да го развијат и целиот бубрежен систем.

5. Респираторен систем: Рибите дишат земајќи кислород што е растворен во водата која ја пропуштаат низ шкргите. Тие не можат да живеат повеќе од неколку минути надвор од водата. Да би опстанале на копно тие мораат во еден миг да стекнат соврешен систем за дишење.