ЕВОЛУЦИОНИСТИТЕ ПРОТИВ ЕВОЛУЦИЈАТА

Раширено е мислењето дека сите научници веруваат во еволуцијата. Тоа е далеку од вистината. Постојат и научници кои веруваат во постоење на интелигентен Создател.

Постои листа на преку 50 спротивставени теории на еволуцијата. Секогаш кога се нуди некоја нова теорија нејзиниот автор укажува на грешките од претходната теорија. Многу остри критики доаѓаат од страна на еволуционистите.

Самиот Дарвин во својата книга Потеклото на видовите посветил цела страна на тешкотиите кој ги видел во својата теорија. Неговата книга содржи преку 800 претпоставки кои во суштина се потполно ненаучни. Тој често користи изрази како: мислиме, ако претпоставиме, можеби, би можело да биде. Внимателниот читател на научните списанија може да забележи дека е нешто гнило во дарвинистичката држава. ( Niles Eldredge ). Про-еволуционистичкото списание Nature објавил статија ,,Развој на еволуционите теории” каде констатира дека теоријата на дарвинизмот е неприкладна да ја објасни еволуцијата во текот на големиот временски период. ( 2.11.1984)

Ние немаме апсолутни докази за теоријата на еволуцијата…и теоријата на еволуцијата би била отфрлена ако се појави подобра идеја. Дарвинизмот може на крајот да се покаже погрешен – научници од Британскиот музеј. Молекуларниот биолог Dr.M.Denton ја напишал книгата ,, Еволуција – теорија во криза” каде вели Дарвиновата теорија на еволуција ни малку ни повеќе е голем мит на 20 век за настанокот на вселената. И покрај тоа тој останува еволуционист.

Доктрините на биолошката еволуција не можат да издржат длабока, објективна критика. Тие докажуваат дека се во судир со реалноста, и се немоќни да ги решат големите проблеми. P.P.Grasse.

На предавањата за Дарвин во British association, Dr.John Durant рекол дека ,,Дарвиновото еволуционо објаснување за потеклото на човекот се претворило во модерен мит на штета на науката и друштвениот напредок.

Британскиот биолог и еволуционист Mattews Harrison вели ,,Еволуцијата е рбетот на биологијата, и таа како наука е заснована на една недокажана теорија – дали таа е наука или вера?

Soren Lovtrup, е познат шведски биолог и посветен еволуционист. Ја напишал книгата ,,Дарвинизам – побивање на еден мит”. Помеѓу неговите заклучоци ја наоѓаме следнава изјава: Верувам дека еден ден дарвиновиот мит ќе биде рангиран како најголема измама во историјата на науката.

Теоријата на еволуцијата се уште е во преправања со низа на нови верзии кои ги нудат научниците што не се убедени во почетниот облик на теоријата. Верувањето дека еволуцијата се случила некаде, некогаш и некако, е верување во непознато. Теоријата на еволуцијата е догма во која и нејзините ,,свештеници” не веруваат.