Текстови

ГОЛЕМИОТ АТЕИСТ: БОГ ПОСТОИ !

Постои само еден научник кој во историјата е наречен „икона на атеизмот”.

Станува збор за др. Ентони Флу, професор по филозофија на најпознатите светски универзитети. Автор е на бројни книги кои ја оспоруваат религијата, од кои најпозната е „Бог и филозофија”. Професорот Флу бил идол на сите светски атеисти а неговите дебати со религиозните научници биле омилена програма на атеистите ширум светот.

А потоа се случува нешто неочекувано, шокирачко…

На една дебата со еден религиозен научник му биле поставени две прашања:

– Господине Флу, јас во раката држам Библија. Каде настанала оваа книга?

– Настанала во печатница – одговара др. Флу.

Религиозниот научник му приговара: Во оваа книга се наоѓаат информации, што значи дека настанала во умот на писателот а не во печатница. Дали се согласувате? 

– др. Флу се согласува, Да во право сте, таа книга настанала во умот на писателот.

А потоа следело прашање на кое др. Флу не знаел да одговори.

Господине Флу, бидејќи сите живи организми имаат во себе многу сложени информации запишани во гените, во чиј ум настанале тие информации?

Долгото молчење на др. Флу било шокирачко за неговите атеистички симпатизери, па разговорот е насочен кон друга тема, а прашањето останало неодговорено.

Во текот на наредните девет месеци др. Флу размислувал за ова прашање чиј одговор не го знаел. Неговото мото, со кое ги учел студентите гласело, – Треба да ги следите фактите без оглед каде тие те водат. И така овие факти го донеле најпознатиот светски атеист до заклучок кој го изнел на конференцијата за печат. Ова ќе предизвика вистински земјотрес во големиот дел на научната заедница. Пред бројните камери др. Флу изјавува: Дами и господа, почитувани пријатели, ја свикав оваа конференција да ве обавестам дека постанав религиозен. Под притисок на јасните и недвосмислени научни факти морав да прифатам дека БОГ ПОСТОИ. Шокот бил целосен.

Кога веста одекнала низ светските медиуми, во исто време започнува лавина на коментари од атеистите: дека др. Флу не мислел така, дека медиумите погрешно ја пренеле неговата изјава итн. Тогаш др, Флу повторно излегува пред камерите и ја потврдува својата претходна изјава.

Но, познавајќи ја агресивната кампања на атеистите која ја водат низ светот, тие продолжуваат преку медиумите да напаѓаат„ дека религиозните фанатици погрешно интерпретираат” и дека атеизмот е единствениот пат во животот.

Др. Флу тогаш седнува и ја напишува автобиографската книга „Признавам: Бог постои”   – како најортодоксниот светски атеист го променил својот став. Во својата книга др. Флу покажува како најпознатиот светски еволуционист, др. Ричард Докинс, погрешно ги објаснува феномените во природата и го злоупотребил своето влијание како професор на Оксфордскиот универзитет. Книгата обработува и други прашања во врска со науката и религијата, науката и атеизмот, и претставува вистински учебник на здрава логика и едноставно научно расудување.

Развојот на науката фрла ново светло на безбројните чуда во природата кои потврдуваат дека БОГ ПОСТОИ.