Текстови

КАКО АТОМИТЕ НАБЉУДУВААТ АТОМИ

Според теоријата на еволуција, после Големата експлозија, атомите настанале некако сами од себе.( иако нивната конструкција е зачудувачка)

Потоа тие атоми, ја формирале целата вселена со се што постои во неа. Некои од тие атоми ја формирале Земјата, додека други одлучиле да формираат живи организми. На почетокот формирале попрости организми, за потоа да почнат со посложени. Атомите како јаглерод, магнезиум, железо и др.се споиле за да го формираат совршениот мозок, чии тајни и денес потполно не се откриени. Некои атоми формирале музичари преку кои создавале музика и уживале во неа.

Според теоријата на еволуција, атомите случајно се формирале и се трансформирале во универзитетски професори, а потоа сами себе се посматрале под микроскоп, тврдејќи дека случајно настанале.

Да земеме еден пример: Ако во едно буре ставиме доволно атоми од кои е создаден живиот организам, за колку време од тоа буре ќе излезе еден професор. И милиони години да поминат не би излегол ни комарец а камоли човек.

Дури и милиони делови од органска материја да се спојат, тие спонтано нема да стекнат особина на жив организам.

Тоа го посочува и Жан Гутон во својата книга „Бог и Науката”. Дека во светло на денешните истражувања и научни откритија, е дојдено до точка каде што научно е утврдено, дека Дарвиновата теорија на еволуција нема никаква оправданост.

Како што целокупната вселена е создадена, така и живите организми се настанати со специјално создавање. Неживата материја не може да се комбинира случајно и да формира живи организми. Само ТВОРЕЦОТ кој поседува неограничена моќ, бескрајна мудрост и целокупно знаење, има сила да го стори ова

Харун Јахи -“ Чудо атома”