Текстови

МИКРОСКОПСКО РЕМЕК ДЕЛО

Едно од најубавите чуда кои Бог ни ги дал во прородата се снегулките кои ги има во најразновидна форма. Во минатото некои научници ги проучувале снежните кристали но модерните научници ја имаат предноста во софистицирани лаборатории подобро да ги разгледаат. Тие ги зголемуваат и со висока резолуција ги забележуваат и најситните делови.

Како и да е, основниот принцип зошто овие почетни молекули во снегулките се собираат во шестоаголен облик, сеуште не е целосно објаснет. Снежните кристали се составени од едноставни внатрешни форми кои произведуват прекрасни надворешнии облици. Тие се вградени во законите кои го уредуваат развојот на кристалите моделите и се зависни од температурата при што додаваат филиграни на основната шестоаголна форма.

Ѕвездени форми, иглести форми, плочести форми се само некои од дополнителните обрасци во кои снежните кристали растат. Всушност, поради големиот број на можни комбинации на милионите индивидуални молекули, кои го сочинуваат кристалот, навистина може да се каже дека нема две снегулки кои се сосема слични.

Науката постојано го поставува прашањето за тоа – како и зошто. Со други зборови, ако не веруваме во Создател, од каде доаѓаат овие прекрасни структури?
Се стана преку Него, и ништо што стана, не стана без Него. Јован (1.3)