НЛО (Необични појави и вонземјани)

НЛО ( Неидентификуван летечки објект) за кој се шпекулира дека би можел да биде вонземска направа, нема научни докази. Извештаи за вакви работи се забележани уште од античко време, но тие земаат замав во помодерното доба.

Се известува за чудни појави, летечки објекти, грабнувања од страна на вонземјани и др. Со помош на медиумите а најмногу на филмот се шират овие измислици насекаде. Вонземјаните најчесто се прикажани како мали зелени а некои со застрашувачки изглед. Владите на повеќе земји како: САД, В. Британија, Канада, Франција вршеле истражување за НЛО. Ниедна национална влада не изјавила дека НЛО во било каков облик представува вонземска интелигенција.

Ален Хендри, главен истражувач во центарот за НЛО студии, повеќе од една година истражувал илјада НЛО извештаи. Она до што дошол е следното;

• од 1 307 случаи 1 194 (91,4%) имаат земско објаснување, 93 (7,1 %) имаат можно друго објаснување и 20 (1,5 %) е необјасниво.

Некоја природна појава може чудно да ни изгледа,друга може да биде како резултат на некој воен експеримент или техника која се чува како тајна, или движење на некој вештачки сателит. Дисторзијата во атмосферата може да предизвика небесните тела да изгледаат како да се движат горе – долу правејќи осмици или во различни правци. Поради ова повеќето луѓе се залажуваат.

Цела оваа проблематика има подлабока позадина. Некои истражувачи тврдат дека постои директна врска помеѓу верувањето во НЛО и паранормалното, мистичното и окултното. Денес постојат и верски секти чиј темел е верување во НЛО –ата. Да го споменеме и изворот на оваа лага;

И беше исфрлен големиот змев – старата змија, наречена ѓавол и сатана,која ја мами целата вселена,беше соборен на земјата,и заедно со него и ангелите негови беа исфрлени.( Откр. 12.9 )

Тој делува на луѓето прикажувајжи им разни невообичаени работи наведувајќи ги да веруваат во неговите објаснувања за тие појави. Ги застрашува и делува телесно врз луѓето и животните ( грабнувања на луѓето и унаказени животни). Намерата му е да преку страв ( инвазија на вонземјани, уништување на Земјата) ги држи под контрола луѓето,но и уништување на надежта и верата во Бог ( очекувајќи спас од некоја благонаклонета понапредна цивилизација).

Тој делува гневно со сета своја сила преку лаги и измами – оти знае дека му останува малку време ( Откр.12.12 )

Секој кој го бара Бога ќе биде сочуван од ѓаволските измами и делувања.