Текстови

Пчела

Скоро секој го знае вкусот и квалитетот на медот, но малку се знае за неговите производители пчелите. Тие се хранат со нектар кој во зимскиот период го нема. Затоа, нектарот кој го собираат преку лето го комбинираат со посебна течност која ја лачи нивното тело, создавајќи мед за зимскиот период. Но зошто создават мед повеќе од што се нивните потреби ?

Творецот ги обдарил со способности од кои и човекот има корист.
• Во една кошница можат да живеат околу 80 000 пчели. За медот да ги сочува своите хранливи вредности, влажноста и температурата во кошницата се држат во одредени граници. Температурата во кошницата изнесува 35˚С во текот на десет месеци во годината. На влезот секогаш стојат двајца чувари да не дозволат влегување на страно тело или инсект. При поголема опасност на помош им доаѓаат и другите пчели. При работа во кошницата користат уште една супстанција која тиа ја создават – прополис.

Ќелиите за складирање на храна и згрижување на младите пчели имаат шестоаголна структура. Зошто се одлучиле за таква наместо петоаголна или осмоаголна ?
Математичарите ја откриле тајната – шестоаголната структура е најпогоден геометриски облик за максимално искористување на еден простор. Но како овие инсекти тоа го знаат? Тие се поучени од страна на Творецот.
Како знаат да го создадат медот и да го сочуват од расипување? Ќелиите се подигани под агол од 13 степени од секоја страна, обезбедувајќи да не бидат паралелни со земјата. Така медот не истекува од ќелиите.
• Тие ја собираат храната поминувајќи големи растојанија а потоа ги информираат другите каде се наоѓа. Но како? Со помош на играње. Пчелата игра во облик на бројот 8 а аголот помеѓу цик –цак движењето и линијата помеѓу сонцето и кошницата го даваат точниот правец.
Освен правецот пчелата го соопштува и растојанието до храната. На пример, за да соопшти растојание од 250 м, таа го тресе долниот дел на телото 5 пати во текот на пола минута. Пчелата која го посетила цветот, остава капка со специјален мирис како ознака. Кога друга пчела се приближува кон истото цвеќе, таа го чувствува мирисот, дознава дека не е за употреба и заминува на друг цвет. Така пчелата не губи време и енергија на исто цвеќе.
Целиот нивен друштвен живот како и правењето мед е фасцинантен.
И во малите живи созданиа се гледа мудроста на Оној кој создал се.