Текстови

ПЧЕЛИТЕ РЕШАВААТ ЗАДАЧИ ПОБРГУ ОД КОМПЈУТЕРИТЕ

Пчелите можат да решат сложени математички проблеми што обично на компјутерот би му требале денови, според извештајот на истражувачите од Велика Британија. Преку внимателно набљудување, научниците од Универзитетот во Лондон утврдиле дека пчелите рутински ги решаваат проблемите со барањето на храна, кога треба да одредат кој пат е пократок помеѓу повеќе дестинации за да ја сочуваат енергијата.

Но, научниците не знаат како пчелите со мозок колку семе од трева го можат ова.

Научниците набљудувале кога пчелите се среќавале со „компјутерски контролираните вештачки цвеќиња″ по случаен избор, и тогаш брзо пресметуваат кој пат е најкраток пред повторно да ги посетат сите.

Постоечките компјутерски програми кои вршат ваков вид на пресметки, работат со вкупната вредност на секоја должина од постоечките патеки и тогаш споредувајќи ги го наоѓаат најкраткиот пат.

Не постои начин за овие мали мозоци, користејќи толку мала енергија, да дојдат до точен одговор толку брзо и доследно користејќи пристап како овие компјутери. Научниците претпоставуват дека пчелите користат непознати скратени алгоритми. Ваквите алгоритми би биле од голема вредност како помош при решавање на проблемот со сообраќајниот проток на патиштата и во човечката мрежа на податоци.

Исто така, во малиот мозок на пчелата се наоѓаат и други скратени алгоритми што и овозможуват да ги избегне несреќите при слетувањето.

Истражувањата покажале дека вакви напредни способности има и кај други инсекти. На пример, мравките имаат супериорен сообраќаен проток во споредба со човечкиот систем.

Бидејќи ни луѓето со своите суперкомпјутери не можат да ги развијат овие умни алгоритми, тие мора со причина да се ставени од некој интелигентен програмер. Пчелите како мравките и другите суштества, изгледаат и мислат како да се врвно изработени. Нивниот Дизајнер се јавува како помудар од луѓето, кои имааат проблеми да ги разберат, а уште помалку да ги имитираат способностите на овие суштества.

( ICR )