Како што е познато денес, атомите кои ја формираат сета жива и нежива материја,освен совршениот дизајн, поседуваат и огромна енергија. Таа моќ скриена во атомот, е толку голема, што му овозможила на човекот да гради канали кои ги поврзуваат океаните, да копа низ планините, произведува вештачки клими и други големи и корисни проекти.
Додека од една страна оваа сила служи за доброто на човекот, од друга страна представува голема опасност доколку се злоупотреби. Бомбите фрлени врз Хирошима и Нагасаки, како и несреќата во Чернобил, ја покажаа разорувачката моќ на атомот.
Силата која ги држи протоните и неутроните во атомското јадро заедно, е наречена „ јака нуклеарна сила”. Огромната моќ на нуклеарната енергија откриена е при ослободување на мал дел од таа сила која постои во атомот. Големината на таа енергија зависи од видот на елементот, зошто бројот на протоните и неутроните во јадрото на секој елемент е различен.
Познати се два процеса за ослободување на оваа енергија:
ФИСИЈА : овде атомското јадро се дели при што се ослободува енергија.
При овој процес, научниците испалуваат неутрон спрема јадрото со голема брзина. Бидејќи неутронот се апсорбира во јадрото, тоа постанува нестабилно и почнува да се дели исфрлувајќи ги со голема брзина компонентите кое ги содржи.
Бидејќи се е создадено од атоми и ги има насекаде околу нас, што ги спречува да бидат вклучени во нуклеарна реакција? Неутроните се така создадени, додека се слободни во природа, несврзани за јадрото, подложни се на распаѓање наречено »бета дезинтеграција«. Спрема тоа, неутроните кои се користат во нуклеарните реакции морат да се добијат по вештачки пат. Кога слободните неутрони не би се распаѓале, Земјата би била пусто место каде се одигруваат бескрајни нуклеарни реакции. Овде се гледаат прецизните правила и односи кои Творецот ги одредил.
ФУЗИЈА : спротивен процес од предходниот, што значи спојување на две јадра. Овој процес тешко се остварува бидејќи јадрата се позитивно наелектризирани и се одбиваат, па е потребна голема сила за да се спојат. Таа потребна кинетичка енергија еднаква е на температура од 20 – 30 милиони степени. Научниците утврдиле дека процесот на фузија непрестано се одвива во Сонцето. Тоа губи 4 милиони тони материја секоја секунда, која се претвара во енергија. Сите овие нуклеарни реакции кои се одиграваат во Сонцето со илјадници
години, се подесени и контролирани на најдобар начин за потребите на човекот. Човекот согледува колку е извонреден, прецизно контролиран тој систем, и колку е тешко да се контролира и проста нуклеарна реакција во една нуклеарна електрана која тој ја изградил. Ниеден научник, ниедна технолошка опрема не можела да ја спречи несреќата во чернобилскиот реактор во 1986 год. Се претпоставува дека дејството од нуклеарната несреќа ќе трае од 30 -40 год.
Сето ова е предизвикано од делувањето на атомот, кој не можеме ниту да го видиме.На ова поле сме соочени со Божјата бескрајна моќ и неговото владеење над секој атом во вселената и другите помали честици ( протони, неутрони…) Особините кои ги има атомот ја откриваат нашата беспомошност наспроти Божјата семоќ.
Харун Јахи ( Чудо Атома)