СТАРОСТА НА ЗЕМЈАТА

Според теоријата на еволуција, Земјата е стара околу 4,5 милијарди години а според Библијата околу 6.000 години. Теоријата на еволуција ни зборува за неверојатни случки од минатото како што е; настанокот на живот од нежива материја ,претварање на рибите во организми кои се движат, претварање на мајмуни во луѓе и други измислици.

И самите еволуционисти признаваат дека тешко се доаѓа до ова, но не признаваат дека е невозможно. Според нив ако има доволно долго време, се е возможно.

Со неколку методи се вршат испитувања на стените за да се открие нивната старост. Се следи стапката на распаѓање на некои нестабилни радиоактивни елементи до еден краен производ.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”238″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”299″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”400″}}]]

Некои методи за испитување:

Ураниум – олово

Калиум – аргон

Рубидиум – стронциум

Јаглерод – С-14

Последниот метод научниците главно го користат за датирање на остатоците од живи организми, додека за карпите ги употребуваат другите методи. За точноста на овие мерења ќе споменеме неколку од многуте  примери каде разни методи даваат различни датуми.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”239″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”300″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”400″}}]]

  • Во 1801 год. дошло до формирање на вулкански стени на Хаваите при ерупција на лава. Мерењето со калиум – аргон методата утврдила старост на карпите од 1,1 милион год.
  • Слична ситуација има и во одредување на староста на живите и фосилните организми. Со методата С – 14, мускулите на замрзнатиот елен од Аљаска дале резултат од 24 100 год, додека неговото крзно дека е од пред 17 210 год.
  • Грешка постои и во врска со ерупцијата на планината Рангитито во Нов Зеланд. Со методот С – 14 користен врз искорнатите дрвја е добиена старост помала од 300 год. Но со калциум – аргон методата дадена е старост од 485 000 год.

Сите овие методи се сложени и се под влијание на различни фактори.

» Колкава е првобитната количина на елементите во карпата ?

» Дали степенот на распаѓање во минатото и сега е ист ?

  • Сидни П. Клементсон британски инжинер, ги анализирал објавените извештаи за карпи од 12 вулкани во русија и 10 примероци на карпи од други делови на светот. Според радиоактивните методи покажувале старост од 100 милиони до 10 милијарди години, иако е познато дека испитаните карпи се формирале во последните години. Клементсон заклучил  дека прорачунатите старости не ја даваат точната старост на карпата домаќин.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”240″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”264″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”400″}}]]

Некои научници и покрај очигледните проблеми цврсто се држат за ова, затоа што не им се допаѓа фактот дека – Земјата е млада планета која има свој Создател.