Текстови

ЗАМРЗНАТИ МАМУТИ­ – Траги од минатото

Едно од најинтересните прашања од природата е поврзано со заледените остатоци од минатото. Од посебен интерес се телата на мамути пронајдени во Сибир и на Аљаска. И децата и научниците ги збунува кога читаат дека во неплодниот и негостољубив северен Сибир, каде ни дрвја ни грмушки не растат, каде успеваат да издржат само најиздржливите животни – поларните лисици и мечки – тука се пронајдени огромни количини коски на мамути и други животни чиј апетит бара голема и соодветна храна.

Овие гробишта освен со коски, изобилуваат и со добро сочувани тела кои волците и мечките можат да го јадат кога се одмрзнуваат. Објавено е дека некои руски ловци на лисици често го користат месото како мамка во своите замки.

Остатоци од мамути се пронајдени во Кина уште пред да бидат откриени во Европа. Овие откритија доаѓаат од разни географски подрачја: Сибир, Европа, Северна Америка.

Мамутите се блиски роднини на денешните слонови од Индија. Некои биле со слични димензии, високи околу 3 м. со 8,5 см дебел слој на сало.

Кралскиот мамут бил висок околу 4,2 м. Тие немале лојни жлезди под кожата кои би ги штителе од студената клима.

Освен мамути на подрачјето на Сибир и Аљаска се пронајдени и замрзнати лавови, тигри, носорози, елени и др. Се проценува дека во овој регион се наоѓаат фосили на околу 5 милиони мамути. Мечкиното острово кое се наоѓа во арктичкиот океан е опишано од Данскиот истражувач ­Витус Беринг ­ како да е составено од остатоци на мамути и песок, но сепак преовладувале коските од мамут.

Еден примерок,познат како „Бересовка мамут” е замрзнат со несварена храна во стомакот во чија уста се наоѓаат билки со зачуван зелен пигмент. Стручњаците за замрзната храна велат дека овој мамут безгрижно си пасел, кога ненадејно бил замрзнат на температура од  ­105 С.

● Умерена клима, флора и фауна.

Арктичкиот истражувач Барон Тоул на Новосибирските острови пронашол остатоци од тигар и 3 м. долго стебло на слива со зелени лисја. Денес единствена вегетација која таму расте е 2,5 см. висока врба. Во близина на северниот пол се пронајдени остатоци на змии, гуштери и алигатори, организми кои живеат во топлите клими.

Денешниот слон ( во заробеништво) јаде 230 кг. сено и пие 120л. вода дневно. Просечното количество на дожд, во повеќето области каде денес се пронајдени мамутите е 25 см годишно. Освен водата проблем е и храната. Големи стада на мамути бараат и многу храна која пак бара многу поумерена клима од онаа која денес постои во тундрите.

Како овие џинови биле фатени во цврстиот мраз ? Земјата морала да биде мека за да пропаднат во неа, што укажува на топла клима, а нивното месо било сочувано од распаѓање поради ниските температури кои настанале.

На многу места во Аљаска замрзнатата земја е набиена со животински коски. Коски од мамути, неколку видови на бизони, коњи, волци,мечки лавови,укажувајќи на различната животинска популација. Во оваа почва се испреплетени делови на животни и растенија, укажувајќи на нивното заедничко исчезнување и замрзнување. Само катастрофа со огромни димензии би ја објаснила оваа дилема. Во библијата е запишан глобалниот „Потоп” кој ја зафатил целата планета. Денес ние ги гледаме трагите и остатоците на едно минато, време и живот кој исчезнал.