Текстови

БОГ ОТЕЦОТ

Бог е духовна, интелигентна и творечка личност.

Бог е Дух и оние, што Му се клањаат, трeба да се поклонуваат со дух и со вистина (Јован 4,24).

Измачени со современите настојувања човечкото себично ЈАС да се стави во самиот центар на култот и обожавањето, многу луѓе денеска бараат нешто подобро. Постои нешто подобро, нешто што дава повеќе спокојство – познавање на Бога. Бог сака ние да го запознаеме, зошто и самиот се открил на многу начини- пред се во Библијата.Библијата не се занимава со директно настојување да го докаже постоењето на Бога- таа е сигурна дека Тој постои. Првите зборови на Библијата: На почетокот Бог ги создаде небото и земјата (1Мој.1.1), ни зборуваат многу за Бога. Пред да нстане светот, Бог постоел. Тој е Творец и извор на материјата и на животот. Меѓутоа, има многу факти за темелите на Божјата природа што не ни се познати затоа што Бог не ни ги открил. Меѓу тие неоткриени факти е природата на неговото постоење и како може Тој да биде вечен, неограничен и присутен. Сепак, неговата природа во извесна мера ја разбираме според начинот на кој ни се обраќа, според она што самиот Тој ни го кажува за себе. Централен факт во тоа божествено самооткривање е уверувањето дека бесконечно и истрајно не сака. Особено Новиот завет го опишува Бога како наш нежен небесен Татко (Мат.5,45;1Јов 4.8). Посинети во Исуса Христа, ние стануваме Негови синови и ќерки (Јован 1,12.13). Значи, нашиот небесен Татко, Бог. не е само некоја недефинирана, безлична сила. Исусовите зборови упатени до жената на бунарот кај Сихар, дека Бог е Дух (Јован4,24), не значело дека Бог нема облик и дека е само сила. Христос зборувал за особините на Божјето постоење,а не за суштината, битот на неговото суштество. Природата на неограничениот Бог далеку ја надминува природата на ограничените човечки суштества и во никој случај не може да се изедначи со нашата природа. Тој е натприроден и возвишен, ја надминува нашата способност на сфаќање. Тој постои, егзистира, на ниво, или на димензија што за нас е несфатлива.

Меѓутоа, изразот дух во еврејскиот јазик има повеќе конкретно отколку апстрактно значење.Бог зазема простор, иако е невидлив, барем што се однесува до нас луѓето. Ние сме создадени според неговиот лик(1Мој.1,27), што покажува дека Тој има одреден облик. Низ целата Библија се провлекува мислата дека Бог е лице. Иако е надвор од секое сомневање дека поимите, употребени во Библијата да го опишат, особено внимателно се бирани за човековите суштества да можат да го сфатат, Тој е опишан како личност. Бог зборува, слуша, гледа, пишува. Тој жали, се гневи, покажува радост и тага. Тој има своја волја(2Кор. 1,1; Псалм 40,8),суди ( рим.2,16;псалм7,11), проштава (исаија 55,7) и чува тајни (5Мој.29,29). Сепак Тој е над се, Тој создал се и одржува се. Тој семожен (Отк.19,6), возвишен и свет (Исаија 57,15),сезнаен (1.Јован.3,20), со неограничена мудрост (Ефес.1,8),вечен и бесмртен (1 Тим.1,17), насекаде присутен (Псалм 139,7);Еремија 23,24) – слободен од сите временски и просторни ограничувања во своето делување. Осве тоа, Бог сам го одредува и сам управува со се што се случува во целата вселена. Тој создава планови и работи врз нивното остварување се до крај. Особините и силите што доаѓаат до израз кај Синот и Светиот Дух ни ги откриваат исто така особините на Бог-Отецот.