Текстови

БОГ СВЕТИОТ ДУХ

Додека учениците разговарале со својот учител, во горната соба трепереле светилки. Прашањата што му ги поставиле по тригодишната заедничка работа покажувале дека тие ниту сега не разбирале правилно зошто тој дошол на земјата. Тие и понатаму се надавале дека Тој ќе го ослободи нивниот народ од римското ропство. Исус видел дека се збунети. Затоа се обидел да ги приготви за сериозните настани што набргу требало да се одиграат. За да ги ослободи од нивниот страв од иднина, зборувал за дарот што Тој со својот Отец ќе му го даде на светот- за Светиот Дух. Немојте да се грожите за иднината! – како да им влевало храброст. Јас секогаш ќе бидам со вас преку Светиот Дух. Без оглед на тоа колку ќе бидат тешки и колкави напори ќе бараат, Тој ќе ве води и одржува во сите околности.

Како еден од членовите на Божеството, Светиот Дух е вистинска Божествена личност. Тој учествувал со Отецот и со Синот при создавањето Земјата и имал истакната улога во остварувањето на планот на спасението.

Во Евангелието според Јован 14,15 и 16 глава Христос ја опишува работата на Светиот Дух. Тој е наречен Дух на вистината (Јован 14,17) кој ќе биде пратен во Христово име (Јован 14,17) да биде со учениците. А Утешителот, пак, Духот Свети, кого што Отецот ќе го испрати во Мое име, Он ќе ве научи за се и ќе ви напомни за се што сум ви зборувал. (Јован 14,26). Тој бил пратен да сведочи за Исуса. И, бидејќи не е ограничен со времето и просторот, Тој може да им го престави Исуса на луѓето во сите краишта и во секое време.

Освен што ќе делува меѓу Христовите ученици, оспособувајќи ги да ја исполнат задачата што им е доверена, Светиот Дух ќе престојува и меѓу невработените, укорувајќи ги за гревот, за правдата и за судот (Јован 16,8).

Можеби од сите Божествени личности најмалку се знае за личноста и делувањето на Светиот Дух. Тоа доаѓа оттаму што негова задача е да ги преставува Христа и Отецот, а не себеси. Под влијание на Светиот Дух Божјите свети луѓе ја напишале Библијата која сведочи за Христа (2Петро. 1,21). Тој на Христовиот живот му давал сила. Тој прави и денеска пред нашите духовни очи писмата да станат жива Божја реч, Христос за нас да стане стварност, живо лице со цел нашето срце да омекне и да биде подготвено да живее за него.

Светиот Дух учествува во секое дело на нашето духовно искуство. Кога ние доаѓаме кај Бога, тоа го правиме затоа што Светиот Дух делувал на нашето срце и во него разбудил желба да го запознае Бога, да живее како што сака Бог. Кога ќе посакаме да научиме од Библијата повеќе за Бога и кога бараме мудрост да го сватиме она што е духовно, Светиот Дух не наведува да проучуваме оние делови од Светото Писмо што ни се неопходни за тоа, ни помага правилно да ги разбереме, да сфатиме што Бог сакал да каже во тој текст и ни дава сила практично да го применуваме во нашиот живот, научената вистина да стане наша животна стварност. Кога ќе бидеме жалосни кога сме грешеле и кога ќе се покаеме, тоа го правиме затоа што Светиот Дух на дело во нашето срце. Се што ќе разбереме за Отецот и за Христа способни сме да го сфатиме само затоа што Светиот Дух Во нас го врши делото за кое е задолжен.

Значи, Светиот Дух ја засилува црквата и верниците со духовни дарови,од кои некој се поистакнати по својата природа, додека други се помалку забележливи, но исто толку важни. Неколку такви дарови на Духот се споменати во посланието до Ефесјаните: И Он постави едни за апостоли, други за пророци, трети за евангелисти, четврти за пастири и учители. (Ефес. 4,11 види и Рим. 12,6-8; 1 Кор. 12,4-11; 12,28-31; 13,1-31).

Споменат во првите и последните стихови во Библискиот извештај, Светиот Дух активно учествувал во создавањето, овоплотувањето и во откупувањето. Како Исусов личен преставник, Тој го прави за луѓето се она што би сторил сам Христос да е лично присутен на Земјата.