Текстови

БРАКОТ И СЕМЕЈСТВОТО

Повеќето младенци на денот на венчавањето сонуваат за трајна брачна заедница и за доживотна среќа, а сепак разводите се се почести и некои бракови се распаѓаат пред да се исплатат сите сметки за свадбената свеченост. Иако родителите се полни со надеж и со соништа кога првпат го држат на раце своето новороденче, над 70% од родителите не би сакале да имаат деца кога би имале можност да одлучуваат за тоа.

Ние се вчудовидуваме кога слушаме за распаѓање на домови, воопшто не не изненадуваат повеќе доказите за малтертирањето или за занемарувањето на децата од страна на родителите, за непочитување на родителите од страна на децата, за кинењето на врските меѓу членовите на семејството. Сите сме потполно свесни за фактот дека семејството како институција е во сериозна неволја.

Брачните советници, проповедниците, воспитувачите, психолозите и други се обидуваат да најдат прифатливи решенија за домашните и за семејните проблеми, но никој не може да пронајде подобри одговори од оние што се наоѓаат во начелата на бракот и семејството што ги дал Бог во својата света Реч. Освен тоа, секое начело на меѓучовечките односи, споменато во Библијата, било директно да се однесува на семејството или не, може да се промени на тој однос.

Првиот брак, што го воспоставил Бог како институција ви Едем, требало да биде пример за сите бракови што ќе се случуваат во идните поколенија. Затоа што на Адама му бил неопходен другар, бог му ја создал Ева (1.Мој. 2,18). Кога ја видел, Адам сфатил дека таа може да ја задоволи таа негова потреба и почувствувал дека врз самиот него почива голема одговорност да ја задоволи нејзината потреба од другар. А човекот рече: еве сега коска од моите коски, и плот од мојата плот, нека и биде името жена, зошто е земена од мажот! рекол возбудено. Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело (1.Мој. 2,23.24).

Истата оваа мисла за единство ја повторува и апостол Павле во Посланието до Ефесците кога зборува дека љубовта, грижата и вниманието на мажот кон жената и на жената кон мажот мора рамноправно да го следат односот што го воспоставил Христос со својата Црква (Ефес. 5,21-33).

Во шестата глава во Второто послание до Коринќаните Павле споменува едно важно начело на бракот. Верниците не смеат да се впрегнуваат во нерамноправен јарем со неверник (2.Кор. 6,14), Со други зборови, брачните другари треба да делат иста вера. Искуството докажало дака ова начело е мошне важно, зашто браковите меѓу верни и неверни прадизвикуваат несогласуваља, незадоволства, откажување од начелата и збунетост кај децата.

Според божјиот план домот треба да биде еден од најтрајните и најстабилните елементи на општеството. За да го нагласи тоа, Исус неколку пати во својата земна служба потврдувал дека единствена исправна причина за развод на бракот е неверството, кршењето на брачниот завет и дека лицето што ќе се разведе од која било друга причина, и кое потоа ќе склучи мов брак, е виновно за прељуба (Лука 16,18; Марко 10,11,12; Матеј 5,31,32; 19,1-9).

Тогаш што да прават оние кои ја немаат таа библиска причина за развод, а сепак ќе се разведат? Павле кажува: А На жените им заповедам – не јас, туку Господ – жената да не се разделува од мажот, – ако пак се раздели да не се премажува, или пак да се помири со својот маж, – а и мажот да не ја остава жената своја. (1.Кор. 7,10,11).

Повикувајќи го Христа да биде гостин во нивниот дом, мажите и жените ќе бидат способни да живеат заедно во поголемо спокојство и да бидат позадоволни едни со други. Молитвата на еден младоженец при стапување во брак прекрасно ја изразува таа мисла: За да можам да и се приближам нејзе, привлечи ме Ти при Себе; За да можам да ја запознаам, помогни ми да те запознаам Тебе; За да можам да ја сакам со совршена љубов од чисто срце, помогни ми да те сакам Тебе повеќе од се! Ништо да не се испречи меѓу мене и неа, но Ти биди постојано меѓу нас! Да бидеме постојано заедно, но никогаш да не се одделиме од Тебе!Амин!

Библијата нагласува дека родителите се одговорни своите деца да ги воспитаат така за тие да го познаат Господ и да ги разберат Неговите заповеди (Мој.6,5-9).

СТАПУВАЈЌИ ВО БРАЧЕН ЗАВЕТ, ХРИСТИЈАНИТЕ МУ ДАВААТ ЗАВЕТ НЕ САМО НА СВОЈОТ БРАЧЕН ДРУГАР, ТУКУ И НА БОГА. БОГ Е ЗАШТИТНИК НА БРАКОТ И НА СЕМЕЈСТВОТО.

На родителите им е заповедано децата да ги негуваат во науката и стравот господов (Ефесјаните 6,4).Учејќи ги да ги сакаат своите родители и да имаат доверба во нивната грижа, децата ќе научат да го сакаат Бога и да имаат доверба во Него како во свој небесен Татко.

На децата им е кажано да ги слушаат своите родители кои се бојат од Господа (Ефес.6,1) И да ги почитуваат (2.Мој. 20,12; Ефес. 6,23).

Кога и родителите и децата ќе му го отворат своето срце на влијанието на Светиот Дух, тогаш во домот ќе завладее хармонија, слога и љубов. Се поголема меѓусебна блискост на домашните и нивната поврзаност со Бога, ќе сведочат за силата на евангелската вест да го оствари единството за кое се молел Исус (Малахија 4,5,6; Јован 17,23).