ЦРКВАТА

Иако ние сами, лично, мораме да го прифатиме спасението што ни го нуди Бог преку Христа, кога ќе станеме Христијани ние не сме повеќе сами ниту пак делуваме сами. Како органи на неговото тело, на Црквата (Ефес. 1,23), ние имаме еден заеднички идентитет со што воопшто не се нарушува нашата посебност, нашиот поединечен идентитет. Како некогаш по Адама што сме осудени на смрт, така сега по Христа имаме дел во неговиот живот (1.Кор.15,22).

Бог секогаш, во сите времиња, имал свој народ што го повикувал од светот. Во старо време тоа биле децата Израелови и преку нив се изразувала Божјата милост (Дела 7,38). Во новозаветното време оваа должност ја врши Црквата. Црквата е заедница, семејство, братство. Глава на Црквата е Исус Христос, а нејзини припадници се мажите и жените што го прифатиле Христа како свој Спасител и Господ. Фалејќи го Бога беа омилени кај сите луѓе. А Господ секоја ден ја умножуваше Црквата со оние што сакаа да се спасат. (Дела 2,47). И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени туку сте им сожители на светиите и свои на Бога, оти се утврдивте на темелите, поставени од апостолите и пророците, имајќи го како аголен камен на темелот самиот Исус Христос (Ефес. 2,19.20).

Иако припадништвото на Црквата е важно и не разделно од нашето признавање на Христа како Спасител и Господ, тоа припадништво само по себе не е никаков доказ дека му припаѓаме на Бога. Тој ги испитува намерите на срцето и ги познава оние што вистински се негови, а не само негови формални следбеници.

Вистинските верници се дел на родот на небесата и на Земјата (Ефес. 3,15) – на сеопштата, универзална Црква, на видливата и невидливата ( Евреите 12,18-24).

Божјата Црква има многу гранки на својата дејност. Пред се таа е заедница во молитвата и во богослужението. Таа се приклонува да го признае Господа Бога на небото и Земјата, нашиот Творец, Одржувачот, нашиот Спасител. Таа се собира да се храни со Божјата Реч, заеднички да разговара со неа, трудејќи се да ги изгради своите верници во љубовта и во добрите дела (Евреите 10,23-25). Таа се собира да го слави споменот на Господовата вечера што не потсетува на Христовата смрт за нас и ја обновува во нас надежта во неговото враќање. Црквата постои да служи, да оди и во најдалечните краишта на светот носејќи ја радосната вест за спасението во Христа, правејќи ги припадниците на сите народи негови ученици а тоа што Христос е глава на Црквата, Христовото тело, Црквата има свечен авторитет (Мат. 16,13-20; Јован 20,21-22). Црквата зборува во Христово име, објаснувајќи му ја неговата волја на светот, повикувајќи ги сите луѓе на послушност на Бога, зборувајќи им на сите за правдата, за чистотата и за судот што ќе дојде (Дела 24,25). Иако во текот на минатите векови авторитетот на Црквата бил злоупотребен, денеска би било исто така погрешно да се отфрли секоја почит кон авторитетот на Црквата. Зад Црквата стои Христос и авторитетот на Писмото што го дал сам Христос за Црквата да се поучи. Бог ни оставил пример на луѓе, какви што биле Ананија и Сафира, за да не го отфрламе лекомислено авторитетот на Црквата (Дела 5,1-11).

Според тоа, припадништвото на Црквата истовремено е високо предимство и свечена одговорност. Црквата е место на кое ние му припаѓаме – место на кое му пееме похвални песни на Господа, добиваме поука од неговата Реч, ја обновуваме нашата заедница со другите припадници на Божјиот народ, се собираме околу неговата трпеза, добиваме сила да одиме и да му ја објавуваме божествената радосна вест на целиот грешен свет. Црквата е поставена трпеза за гладниот свет.

Бидејќи припадништвото на Црквата на живиот Бог е толку скапоцено, тоа не смее да се свати лекомислено. Црквата не е клуб во кој се собираме да се забавуваме; тоа е Христово тело. Припадништвото на Црквата не повикува радосно, активно да ја подржуваме Црквата и да учествуваме во нејзините активности. Библијата не предупредува да не се откажуваме лекомислено од спасението што еднаш сме го прифатиле толку радосно (Евреите 6,4-6; 10,26-31; 12,15-17).

Припадништвото на црквата ни дава радост на заедницата и на службата денеска и надеж во славна иднина. Вие мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црквата и се предаде себеси за неа, за да ја освети, очистивајќи ја со водна бања преку словото, та да ја претстави пред себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна. (Евес. 5,25-27). Црквата е Христова невеста, драгоцена во неговите очи, неговата тврдина во овој побунет свет; таа е предмет на неговата највозвишена грижа. Тој стрпливо го усовршува своржето дело во Црквата на Земјата затоа што и наменил вечна судбина – припадниците на неговата Црква треба да бидат со него во текот на целата вечност.