Текстови

ДАР НА ПРОРОШТВО

Во почетокот, додека гревот уште не влегол во нашиот свет, Бог со Адама и Ева разговарал лице в лице (1.Мој. 1,26-31), пренесувајќи им ја својата мудрост и откривајќи им ја својата волја. Но, кога се појавил гревот, таков разговор не бил повеќе можен. Адам и Ева би биле уништени со Божјето присуство. Меѓутоа, Бог сепак продолжил да одржува врска со човечкиот род. Меѓу средствата што ги употребувал се наоѓа природата, меѓучовечките односи, Божјето провидение и Божјиот Дух.

Но, биле потребни многу подиректни и поодредени врски за да се зголеми човечкото знаење за Божјиот карактер и за планот на спасението. Затоа Бог бирал посвети мажи и жени врз чијшто ум Светиот Дух можел да делува на посебен начин и да им ги открие вистините што тие ќе им ги пренесуваат понатаму на луѓето. И во старозаветното и во новозаветното време дарот на пророштвото им бил даван и на мажите и на жените подеднакво. Меѓу жените биле Марија, Девора, Олда, Ана и четирите Филипови ќерки (2.Мој. 15,20; Судии 4,4; 2.Цар. 22,14; Лука 2,36; Дела 21,8.9).

Писмото кажува: оти никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓа зборувале просветувани од Светиот Дух. (2.Петрово 1,21). Понекогаш тие „свети луѓе„ или пророци, како обично што се нарекувани, усно ја пренесувале Божјата волја. Понекогаш веста била запишувана, што го засилувало нејзиното влијание и нејзиниот дострел.

Со Божје провидение тие пишани вести биле сочувани како Свето писмо и Бог преку нив во текот на многу векови му зборувал на човечкото срце и луѓето ги наведувал да ја следат неговата волја. Додека мажите и жените ја проучувале таа Реч, го сфаќале нејзиното божествено потекло и ги прифаќале нејзините сведоштва. И истиот оној Дух, кој ги вдахнувал библиските пророци додека пишувале, влијаел и врз срцата на читателите да ги увери дека се грешни и да го промени нивниот живот.

За улогата на Библијата апостол Павле му пишувал на својот млад брат во верата Тимотеј: а уште и како мал ги знаеш светите книги, кои можат да те направат мудар за спасението преку верата во Исуса Христа. Целото Писмо е од Бога дадено и полезно за поука, изобличивање, поправање и поучување во правдата.(2.Тим. 3,15.16). Од овој текст јасно произлегува дека Библијата ги содржи сите знаења и сите совети што им се потребни на луѓето да го најдат патот на спасението и да се одржст во него. Библијата е непогрешно откровение на Божјата волја.

Меѓутоа, потребата Бог да одржува со луѓето не престанале кога канонот на Библијата бил заклучен. Во своите посланија до црквите во Коринт и во Ефес Павле „пророците„ ги набројува како важен духовен дар на Црквата. Тој истиот дар го става при врвот на својата листа на духовни дарови, на второ место непосредно зад „апостолите„ (2. Кор. 12,28; Ефес. 4,12). Според тоа, современите верувања на некои христијани дека делувањето на пророците завршило во новозаветното зпостолско време нема библиски темел. Како се приближува човечката историја кон својот крај и како се засилува големиот судир меѓу Христа и сатаната, нападите на сатаната врз Божјиот народ ќе стануваат се пожешки (Отк. 12,17), неговите измами се поопачни, па и духовните дарови, вклучувајќи го и пророчкиот дар, ќе бидат се понеопходни.

Библијата открива дека пророчкиот дар ќе биде присутен во Црквата, во вистинската Христова Црква, се до крајот на времето. Јован во откровението кажува дека Црквата на Остатокот ќе ги држи Божјите заповеди и ќе има сведоштво Исусово (Отк. 12,17). Исусовото сведоштво во откровението 19,10 е дефинирано како Дух на пророштво. Исус и сведочи на својата Црква преку пророците.

Во првите денови на големото адвентистичко движење, кон средината на минатиот век, Бог и дал дар на пророштво на Елена г. Хармон, подоцна Вајт, посветена млада жена која живеела во Портленд, во државата Мејн. Нејзината служба траела речиси седумдесет години, се до нејзината смрт 1915 година. Под вдахновение таа напишала околу 4600 прилози во списанијата на Црквата, околу педесет книги, вклучувајќи го и нејзиното дело: серијата „Вековниот судир „ во пет томови, што го следи големиот судир меѓу доброто и злото од појавувањето на гревот во срцето на Луцифера па се до времето кога Земјата ќе биде очистена со оган при крајот на илјадогодишнината.

Списите на Елен Г. Вајт не се некој додаток кон Библијата, ниту се ставаат над Библијата. Во согласност со историското протестанско гледиште, адвентистите на седмиот ден ја прифаќаат Библијата и само Библијата како христијанско правило на верата и на однесувањето и веруваат дека таа во својата целокупност е вистинска, веродостојна и авторитативна Божја реч искажана со јазикот на луѓето.

…Адвентистите на седмиот ден го признаваат пророчкиот дар надвор од светиот канон на Библијата – кој делувал пред, во текот и по формирањето на Библијата, но тврдат дека канонските списи претставуваат мерило според кое се проценуваат сите други пророчки вести. Тие веруваат дека овој дар никогаш не бил трајно повлечен, туку дека се покажувал повремено во текот на историјата и дека и припаѓа и на денешната Црква. Канонот на Библијата е Божја вест упатена до сите луѓе во сите времиња: Вонканонските откровенија се однесуваат на они на кои првобитно им се упатени. Адвентистите на седмиот ден ги прифаќаат списите на Елена Г. Вајт како манифестација на Божјиот дар, но не мислат дека тие можат да ја заменат Библијата ниту да преставуваат нејзин додаток (СДА Енциклопедија, 1413).

Сама Елена Г. Вајт го дели ова гледиште. Во текот на целиот свој живот таа ја издигнувала Библијата како непогрешно откровение на Божјата волја и мерило на карактерот. Таа постојано ги повикувала верниците да ја проучуваат Божјата реч. Сама напишала дека Библијата и само Библијата треба да биде мерило на сите учења и темел на сите реформи… Пред да прифатиме било кое учење или пропис, треба да го бараме она едноставното, Така рече Господ! како темел на тоа учење или пропис.

Еднаш кога некој верник кажал оти списите на Елена Г. Вајт се додаток на Библијата, таа одговорила дека тој фактите ги претставува во погрешна светлина. Бог нашол за добро на тој начин ( по пат на списите на Е.Г.Вајт, ) да ги насочи мислите на својот народ кон својата Реч, да му овозможи полесно да ја разбере Речта (4Т 246)Таа кажала дека целта на нејзините сведоштва не е тие да дадат нова светлина, туку во срцата живо да ги втиснат вистините што вдахновението ги открило уште порано (2Т 605).

Денеска, како и во минатите времиња, секоја врска со Бога е драгоцена. Веста што ни ја упатила Библијата и денеска ја има истата важност: Не гаснете го духот. Пророштвата не ги уништувајте. Се испитувајте, за доброто држете се. (1.Сол. 5,19.20).

Утредента стана рано и тргнаа кон Текојската пустина, и кога тргнаа, застана Јосафат и рече: Чујте ме, Јудејци и жители ерусалемски! Верувајте му на Господа, вашиот Бог и бидете цврсти; верувајте им на пророците Негови, и ќе имате успех. (2.Дневникот 20,20).