Духовни дарови и служби

Пред деветнаесет векови, откако ја воспоставил својата Црква на Земјата, Исус се вратил на небото. Со загрижено срце уечниците гледале како си заминува (Лука 25,50; Дела 1,9). Дали ќе бидат способни правилно да го претстават? Дали ќе бидат способни успешно да го продолжат делото што им е доверено? Имаат ли таланти неопходни евангелието да му го објават на цел свет?

Со исто разбирање и грижливост, што ги покажувал во текот на целиот живот, Исус ги предвидел нивните потреби и совршено се погрижил тие да се задоволат. Токму пред своето вознесение им реколнежно: И ете, јас ќе го испратам врз вас ветувањето од Мојот Отец, а вие останете во градот Ерусалим, дури не се облечете во сила одозгора (Лука 24,49). Преку Светиот Дух на своите ученици ќе им го даде секој дар и секој талент што им е неопходен во работата.

Тој го исполнил своето ветување. Пишувајќи за тоа, апостол Павле кажува: Затоа е и речено, Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето. А што означува издигајќи се, ако не тоа дека Он слезе пред тоа во најдолните места на Земјата. Слегнатиот е Истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса за да изгуби се. И Он постави едни за апостоли, други за пророци, трети за евангелисти, четврти за пастири и учители, за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело.(Ефес. 4,8-12).

Во своето послание до црквата во Коринт, Павле понатаму расправа за истата тема: А за духовните дарови, не сакам, браќа да не знаете. Знаете дека, кога бевте незнабошци, се влечевте при немите идоли, како да ве водеа. Затоа ви кажувам дека никој, кој зборува преку Божјиот Дух, не фрла анатема на Исуса, и никој не може да го наречи Исуса Господ освен преку Светиот Дух. Постојат разни дарови, но Духот е еден и ист; има разни служби но Господ е еден и ист; и разни сили постојат, но Бог е еден и ист, Кој врши се во се. А на секого му дава да се пројави Духот за полза, оти, на еден му се дава преку духот збор на мудрост, на друг збор на знаење, Преку истиот Дух; на еден-вера, преку истиот Дух; на друг – дар за лекување, преку истиот Дух, – на еден – да чини чуда, на друг да пророкува, на еден – да ги разликува духовите, на друг – разни јазици, на трет – да толкува јазици. Сето ова го прави еден и ист Дух, распоредувајќи му на секому поодделно, како што сака. (1.Кор. 12,1-11).

Овде е важно да се забележат два факти: 1. Духот одлучува кои дарови ќе ги излее. Тој ја презема таа одговарност зашто единствено тој знае кои дарови и се неопходни на Црквата; само тој знае кој дарови кој христијанин ќе ги искористи на најдобар начин. 2. не примаат сите исти дарови, ниту сите дарови им се достапни на сите. Така, на пример, никој нема право да бара Духот да му даде дар на пророштво, дар на исцелување или дар на јазици. Вистинскиот христијанин исцело ќе му се предаде на Христа, сите свои природни способности ќе ги стави на неговиот олтар и ќе бара од Бога да му ги подари оние духовни дарови што ги смета за неопходни (Рим.12,4-8; 1.Петрово 4,10.11).

До кога ќе се излеваат овие духовни дарови врз Црквата? Новиот Завет кажува дека тие ќе останат во Црквата се до Христовото доаѓање. Пишувајќи и на црквата во Ефес, апостол Павле кажува дека духовните дарови се дадени со цел за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело, додека сите не стигнеме до единство во верата и познавањето на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство. (Ефес. 4,12.13).

На сличен начин и пишувал и на црквата во Коринт: Секогаш му благодарам на Бога за вас поради дарувањата ви во Христа Исуса Божја благодат, зашто преку Него се обогативте со се, во секое слово и во секое знаење, откако се утврди во вас Христовото сведоштво, така што да не се лишавате од никаков дар, вие, што го очекувате откровението на нашиот Господ Исус Христос. (1.Кор.1,4-7).

И така Бог преку духовните дарови совршено се погрижил за сите потреби на Црквата – за своето семејство на Земјата – таа да биде во состојба да се одржи, успешно да ја продолжи својата телесна, душевна и духовна служба за се до денот кога Божјето семејство на Земјата ќе се соедини со Божјето семејство на небото.