Текстови

ЕДИНСТВОТО НА ХРИСТОВОТО ТЕЛО

Апостол Павле ја употребил сликата, симболот на телото, за да го илустрира единството на Црквата. Христос е глава од кого целото тело, составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејство на секој дел, според силите негови, нараснува зада се израдува во љубов.(Ефес. 4,15.16). Сличноста на ова споредување станува уште поочигледна кога ќе почнеме да се посматраме себеси и нашето тело.

Така е и со духовното тело, ни кажува Павле во 1.Кор. 12. глава. Ако еден орган реши да не работи според упатствата на Главата, Христа, делото е забавено или запрено се додека тој орган не реши повторно да соработува. А ако со некој член од телото, наместо Христос, управува зачетникот на хаосот, сатаната, нема никаква можност Телото да делува како хармонична целина насочена кон добро.

Зборувајќи за единството, библиските писатели нагласуваат дека разликите во полот, расата, имотот, или интелегенцијата не можат да ја загрозат способноста на Телото да делува се додека тоа делува во Христа. Секако, тие разлики постојат и понатаму, но лицето што се облекло во Христа станува ново создание. Христос ги руши оградите што го разделуваат човештвото (Ефес. 2,14). и така нема повеќе Евреин ниту Грк, нема роб ниту господар нема машки ниту женски пол, зашто сите вие сте едно во Исуса Христа (Гал.3,28). Со други зборови, наместо разликите да внесат раздор, тие хармонијата ја прават уште посилна.

Токму пред својата претсмртна борба во Гетсиманија, Исус се молел за единство меѓу учениците, барајќи од Отецот да ги стори единствени (не само нив туку и сите оние што ќе се обратат подоцна),онака како што се едно Тој и Отецот (Јован 17,20-23). Единството што ќе го оствариме ние, Христовите современи ученици, како резултат на нашите сесрдни молитви, ќе не оспособи да ја оствариме Христовата намера и да му кажеме на светот дека Отецот го пратил својот Син Исус Христос на светот, да прикажеме дека неговото доаѓање не сторило поинакви во делувањето, во живеењето и во меѓусебното однесување.

Како телото, што е создадено од многу органи, Црквата е повикана од сите народи, племиња, јазици и колена. Меѓутоа, со откривањето на Исуса Христа, преку кого сме станале нови созданија, придржувајќи се кон истото Писмо, ние ја делиме истата вера и надеж и на цел свет му го објавуваме истото сведоштво.