Големата борба помеѓу доброто и злото

Веќе илјадници години филозофите и мислителите се обидуваат на задоволителен начин да објаснат од каде толку збунувачка мешаница на доброто и злото во нашиот свет. Зошто пупките на трендафилите се појавуваат во толку непосредна близина на трње? Зошто животните меѓусебно се убиваат и се јадат? Зошто луѓето во некои делови на светот имаат премногу храна додека во другите краишта децата и возрасните умираат од глад? Зошто некое невино дете мора да загине во сообраќајна несреќа додека виновниот, пијан возач, останува неповреден? Зошто едни се богатат неправилно, додека други со чесна работа одвај составуваат крај со крај?

Филозофите ни понудиле мноштво различни одговори. Атеистите, кои сметаат дека светот настанал со игра на некаков случај, мислат дека доброто и злото се судираат во натпреваротво кој преживуваат најспособните и дека на крај ќе остане само едно од тие две. Други велат дека со светот управуваат најмалку два бога, Едниот е добар, а другиот зол. Има и такви кои тврдат дека Бог е семожен, но не толку за да може да го уништи злото и дека поради тоа доброто и злото постојат во некој вид борбена коегзистенција.

Меѓутоа, вистинското објаснување може да се најде само во Божјата реч.

Според Светото Писмо, пред многу илјади години, пред да биде создаден овој свет, злото таинствено се појавило во срцето на највисокиот ангел на небото, Луцифер. Кривицата не можела да му се препише на Бога зашто Луцифер бил совршено создаден (Езекил 28,15). Меѓутоа, било очигледно дека Луцифер бил незадоволен со својата положба. Мислел дека заслужува чест еднаква на онаа што ја ужива Бог, особено Бог Синот (Исаија 14,12-14).Дозволил со неговото срце да завладеат зависливи љубоморни мисли.

Требало да ги отфрли таквите мисли. Требало да свати дека како создадено суштество нема право на почестите што му припаѓаат на Бога. Требало, но тој не го сторил. Наместо тоа, своите мисли ги изнел на виделина. Јасно е дека не рекол: Љубоморен сум на Христа! Повеќе е веројатно дека на другите ангели им поставил прашања со кои сеел семе на незадоволство и омраза: Не мислиш ли дека небото е премногу круто организирано? Зошто на Божјото владеење би му биле потребни закони? Не гледам зошто и светите суштества би морале да се придржуваат кон законите? Ми се чини дека Бог не сака толку колку што тврди; за него е уживање да издава заповеди! Тој е непреведен и нечесен!

Ваквите подмолни подбуцнувања и сомничења продолжиле се додека една третина од ангелите не се врзале со Луцифера. Заведени со неговата заводничка песна, мислеле дека тој ќе воспостави систем на владење што ќе биде подобар и посовршен од Божјиот.

Исполнет со бесконечно трпение, Бог настојувал да ги објасни своите постапки и да го наговори Луцифера и неговите приврзаници да отстапат од погубните намери со кои се раководеле. Се трудел да објасни дека небесните закони се втемелени на љубовта и дека се неопходни за среќата на сите жители на вселената. Меѓутоа, Луцифер останал упорен, заедно со своите приврзаници одбил да ги прифати Божјите објаснувања и да се одѕвие на неговиот повик.

Писмото кажува дека кризата продолжила се додека не настана војна на небото (Отк. 12,7-9). Луцифер со своите истомисленици станал против Христа и против ангелите што му останале верни и се обидел да го освои Божјиот престол. Меѓутоа, бил победен и истеран од небото.

Бог на Луцифер му дал време

Бог не го уништил веднаш Луцифера и неговите следбеници, туку им дал време да ја докажат оправданоста на своите приговори против Божјиот карактер и Закон. На Земјата Бог првата човечка двојка, Адама и Ева, ги поставил во Едемската градина и дозволил да поминат низ проба на карактерот со која ќе докажат дека му се верни на Бога. Пробата била едноставна. Бог изделил едно дрво во градината и им кажал на Адам ина Ева да не јадат плодмод него (1.Мој. 2,16.17); непослушноста би ги изложила на смрт. Луцифер, сега под име сатана, во тоа видел пролика да ги искуша првите луѓе и да ги наведе да јадат од забранетиот плод. Со тоа едновремено би ги навел да му се придружат во бунтот.

На неверојатен и трагичен начин Адам и Ева потклекнале под тоа искушение. Милостивиот Бог им го поштедил животот за да им даде прилика да се покаат, но казната за гревот сепак морала да се плати. Затоа Бог го понудил својот Син да дојде на светот како Божествена Замена и да умре наместо грешникот. Бог исто така ветил дека силите на доброто ќе поведат истрајна борба против злото (1.Мој.3,15).

Како времето поминувало, последиците на гревот станувале се повидливи не само кај луѓето туку и во целата природа. Нашелата што ги застапувал сатаната и што од почеток нерешително се оценувани како опасни, сега почнале да ја донесуваат страшната жетва на злото.Пред речиси дваесет векови, кога сатаната ги вдахнал човечките суштества, нечовечки да го убијат Исуса, сите суштества во целата вселена можеле да видат дека Бог бил во право и дека сатаната згрешил. Сите жители на небото виделе дека Бог е љубов и дека неговиот закон е праведен и неопходен. Сепак, за да им даде можност на жителите на нашиот свет да сватат околу што се води големиот судир меѓу доброто и злото и на тој начин да се определат на која страна да застанат, Бог, дозволил драмата на гревот да продолжи.

Денеска овој судир се приближува кон својот крај. Со големи напори Светиот Дух и светите ангели се трудат да им помогнат на оние што застанале на Божјата страна и кои над се друго ја ценеле верноста кон Бога, праведноста и вистината. Писмото не уверува дека конечен исход на овој судир ќе биде целосна победа на Бога и одавање на потполна чест на неговиот карактер и Закон. Но се до тој ден – до денот кога Бог ќе го уништи сатаната и неговите следбеници и ќе го очисти светот со оган – доброто и злото на овој свет ќе постојат истовремено како силно сведоштво дека натприродните сили на доброто се во постојана борба против подмолните сили на злото, во судир што почнал пред многу векови на небото.