Текстови

ГОСПОДОВАТА ВЕЧЕРА

Исто онака како старозаветните служби и жртви во Светилиштето што укажале на доаѓањето на Месија, на неговата служба и на неговата смрт, и Господовата вечера го обновува споменот на Исусовата смрт и вниманието на верниците го насочува кон неговото ветено второ доаѓање. Тој обред прави повеќе отколку само што го симболизира покривањето и проштавањето на сите гревови некој што ги сторил во минатото, во таа служба е вклучено признавањето на Бога и пред ближните на сите сторени пропусти и грешки, барање од Бога помош да се измениме, да се совладаме себеси и нашите слабости и да станеме слични на Христа. Таа служба е богата со симболизам, кој во текот на минатите векови бил драгоцено средство за објавување на темелните духовни вистини.

Иако некои цркви буквално ги протолкувале Христовите изјави: Ова е телото мое и ова е крвта моја, тие треба да се толкуваат симболички, како и другите Исусови изјави, на пример онаа „Јас сум вратата!„ (Јован 10,7). Лебот и непревриеното вино ние ги сметаме за симболи на Христовото кршено тело и на неговата пролеана крв. Учествувањето во овој обред е знак на покажување на вера во Христа како Спасител од гревот и соединување на нашиот живот со неговиот.

Уште од четириесеттите години на минатиот век адвентисти на седмиот ден го слават споменот на госшподовата вечера четири пати годишно, на крајот на тримесечјата од 13 седмици. Обично таа служба се врши на следниот начин:

По кратката проповед на пасторот, верниците одат, посебно мажите посебно жените, во одредени простории на месната црква да го извршат обредот миење на нозете. Тој обред, според учењето на Библијата, симболички го претставува миењето на гревот (Види: Јован 13,1-17!). Иако самиот чин на миењето на нозете верникот не стекнува никаква посебна заслуга пред Бога, Неговото значење се состои во тоа што учесниците пред тој чин ги средуваат своите меѓусебни односи и недоразбирања и признаваат и го поправаат онаа што си го сториле едни на други. Значи, миењето на нозете симболички го преставува перењето на гревовите што се залепиле за христијанинот во текот на неговото христијанско патување.

Миењето на нозете исто така го симболизира обновеното посветување на службата кон Учителот. Оној што понизно се наведнува да му ги измие нозете на својот соверник, мора да отфрли секоја човечка гордост и својата надменост, исто онака како и тој или таа што мора да ги отфрлат за да можат со цело срце понизно да му служат на Христа. Затоа што обредот миење на нозете го нагласува духот на христијанската заедница, тој преставува добра подготовка за учествување во Господовата вечера.

По обредот миење на нозе, верниците повторно се собираат во црквата. Проповедникот и старешините излегуваат на трпеза, што преставува заедничка трпеза, и го откриваат лебот, го читаат текстот од 1.Кор. 11,23.24. (или друг пригоден текст), и во молитва бараат Божји благослов. Кога старешините ќе го скршат пресниот леб, ѓаконите им го делат на верниците.

Откако ќе се прочита текстот од 1.Кор. 11,25.26., проповедникот, старешините и ѓаконите на ист начин го делат непревриеното вино. Во двата случаи сите верници чекаат додека целиот собир не биде послужен и симболите на Христовото тело и на неговата крв го земаат истовремено. Оваа служба се завршува со духовна химна – понекогаш со молитва и со дар за сиромашните.

Во извесна смисла Господовата вечера е свечена прилика, времето во кое верниците се потсетуваат дека Исус ги понел нашите гревови и умрел наместо нас (Види: Исаија 53,5). Тоа е исто така и радосна служба. Таа во мислата не пренесува во иднината кога Исус ќе ја обнови целата Земја (Види:Отк. 21,1-5). Таа во нас го обновува очекувањето дека Господ еден ден ќе ги преобрази човечките суштества што ги создал според својот лик (Види: 1.Кор. 15,52), дека ќе ги соедини со Исуса, Со нивниот Избавител, на свадбената вечера на Јагнето (Види: Отк. 19,19).