Христијанското однесување и нивниот начин на живеење

Уште во старо време, во времето на римското владеење над светот, апостол Јован ни упатил совет што денеска е исто толку значаен како и тогаш кога е напишан. На сите што го чуле Божјиот повик да живеат подобар и посовршен живот, апостолот им пишува: Не сакајте го светот и се што е во него. Ако некој го сака светот, во него нема љубов на Отецот. Зашто се што е во светот – похотта на телото, желбата на очите и гордоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет. И светот поминува и похотите негови а кој ја извршува волјата Божја, останува до векот. (1.Јов.2,15-17). Вистинската религија е многу повеќе од искуството што се повторува само еднаш седмично. Таа ги вклучува сите наши активности, вклучувајќи ги рекреацијата, музиката, читањето, облекувањето и исхраната (Ефес 5,1-3; 5,19; 2.Кор. 10,5; 3.Мој. 11. глава).

На подрачјето на забавата и разонодата искрениот христијанин секогаш ќе се праша: Можам ли да му се молам на Бога да го благослови моето време што ќе го потрошам за таа цел? Дали тоа ќе ме засили телесно, душевно, духовно? Дали таа моја забава е непорочна, благородна, дали ме издигнува, или пак таа распалува страсти, го величи порокот и ги заслабува благородните морални начела врз кои е изграден мојот живот? Дали таа моја активност ме наведува да го занемарам Бога или да ја отфрлам Неговата реч, молитвата или моите вечни интереси? Дали таа разонода ја засилува мојата духовна природа или ги храни моите грешни склоности, слабеејќи ја мојата отпорност кон искушенијата? Дали таа забава ме води во свет на соништа што ме онеспособува за вистински живот? Дали би сакал Христовото доаѓање да ме најде на тоа место или при таа разонода?

Ако на овие прашања одговориме чесно и искрено, тогаш сигурно нема да присуствуваме на најголемиот дел на театарските престави (било на сцената, или на големиот и малиот екран), нема да одиме на игранки или на слични места за забава, да читаме книги недостојни за внимание на христијанинот, нема да играме карти, да се коцкаме и да слушаме музика од типот блуз – џез – рок. Тие негативни влијанија ќе бидат заменети со она „а понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродотел, што е за пофалба, само на тоа мислите. (Фил. 4,8).Физичкото и духовното здравје, како и радосното и смирено расположение се унапредуваат со здрава рекреација на свеж воздух, со активности во природата, со воспитни и духовни програми, со читање и со добра смирувачка музика. Ако го прифатиме небесниот повик ќе можеме да очекуваме над нас да се исполни Божјето ветување: да можеме „и не управувајте се според овој век, туку преобразетесе преку вашиот обновен ум, за да можете да познаете, која е добрата, угодна и совршена волја Божја (Рим. 12,2).

Божјата волја не се занимава само со начинот на кој ние го поминуваме нашето време, туку и со нашиот општ изглед, со нашата појава. Бог сака со нашиот изглед да оставиме пријатен впечаток и затоа не опоменува да го отфрлиме се она што неприродно и што би го прикрило нашиот вистински изглед.

ВИСТИНСКАТА РЕЛИГИЈА Е МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ИСКУСТВОТО ШТО СЕ ПОВТОРУВА САМО ЕДНАШ СЕДМИЧНО

Жените исто така треба да бидат облечени пристојно, со срамежливост и чедност да се украсуваат, не со плетенки, ни со злато или со бисери, или скапоцени облеки. (2.Тим. 2,9). Применувањето на овие начела ќе ги наведе мажите и жените да се откажат од облеката што е скроена така за да го привлече вниманието или да предизвика восхитување, од облеката што ги надминува нашите потреби и бара да се изделуваат големи суми на пари само за да се задоволат каприците на модата. Христијаните треба да најдат свое задоволство во носење на облека што е пристојна, добро сошиена и што прилега.

Водејќи сметка за разликите во културата, мораме да се трудиме нашата облека да биде едноставна, скромна, пријатна за носење. Убавината, квалитетот, редот и скромноста се начела на Божјето царство. Вашата убавина да биде не надворешна, односно во плетење на косите, китење со злато, или облекување на облеки, туку внатрешна, во срцето на скриениот човек, во постојаноста и тих дух, што е драгоцено пред Бога (1.Петрово 3,3,4).

ДОБРО ЗДРАВЈЕ УБАВ ИЗГЛЕД

Едно од основните помагала да се постигне добар изглед е доброто здравје. Божја волја е да бидеме здрави, како што и е добро на нашата душа (3.Јов.2). Меѓу христијаните адвентистите на седмиот ден се познати по своето нагласување на начелата на здравјето. Едно опширно научно испитување покажало дека адвентистите за 80 посто помалку заболуваат од рак на белите дробови кој е поврзан со пушењето, за 87% помалку умираат од цироза на црниот дроб што е поврзана со употребата на алкохол, дека за 51% помалку умираат од сите други водечки причини за смртта. Како резултат на тие факти адвентистките живеат просечно три години подолго од другите жени, а адвентистите шест години подолго од неадвентистите.

Целосно откажување од алкохол, од тутун и од штетни дроги, нагласувањето на здравата, ако е можно вегетаријанската исхрана, воздржувањето од вистинското црно кафе, од вистинскиот чај, преминувањето на здрави телесни вежби, посветувањето на доволно време на здрав одмор и довербата во Бога – без сомнение даваат свој полн придонес за она што станало општо познато како адвентистичка предност.

Таа предност им е достапна на сите што ќе го прифатат божествениот повик: и така, јадете ли, пиете ли, или нешто друго правите, сето тоа правете го за слава на Божја. (1.Корин. 10,31). Истражувањата покажуваат дека со вегетаријанската исхрана можат да се спречат 90% од срцевите удари. Светската здраствена организација проценува дека за околу 85% од сите случаи на рак на крвта се нездравите навики и нездравото однесување.

Недостигот од телесни вежби го скусува просечниот животен век за пет години. Стручњаците кажуваат дека исхраната што содржи помалку месо, заситени маснотии, шеќет и сол, а повеќе овошје, зеленчук, житерици и производи од цело зрно. пружа најдобри услови за оптимално здравје Тоа всушност е токму онаа исхрана што ја пропагираат и ја практикуваат адвентистите повеќе од сто години.

Повеќе лиѓето се свесни дека би требало да живеат подобро, но им недостига внатрешна сила да извршат неопходни промени во начинот на животот. Каков подобар поттик би им бил потребен од свеста дека нивното или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, кој живее во вас и ви е даден од Бога и дека не припаѓате на себеси? Скапо сте купени. Затоа прославете го Бога во своите тела и своите души, кои се божји. (1.Кор. 6,19,20).

Исус изјавил: Јас дојдов да имаат живот и да го имаат ви изобилство (Јован 10,10). Реформата без Христа води во легализам. Христос без реформа е само сентиментализам. Боженствената мудрост кажува: Зашто преку мене ќе ти се умножат дните, и ќе ти се додадат годините на животот. (Мудри изреки 9,11). Во овој текст се крие тајна сила за подобар и посреќен живот. Во него се наоѓа и ветувањето дека е можен таков живот.