Христовиот живот смрт и воскресение

Бог не бил изненаден со појавувањето на гревот во вселената. Пред воопшто да се појави гревот, Тој знаел дека ќе се случи тоа и приготвил се за да му се спротистави.  Христос е Јагне што е заклано од создавањето на светот (Отк. 13,8). Зa да са бори против тајната на гревот и злото, Бог се погрижил за тајната на крстот. Бог сам дал одговор на проблемот на гревот испраќајќи го својот Син да иде Емануел, Бог со нас (Матеј 1,23).

Иако еднаков со нас луѓето, Исус живеел живот на целосна послушност кон Божјата волја. Решив да ја исполнувам волјата твоја, Боже мој, Законот твој го носам длабоко во срцето (Псалм 40,8) – Било претскажано за него. Искушувачот го искушувал и него, Тој страдал се дури до смрт. Бил сличен со нас: затоа во се мораше да стане сличен на своите браќа, кој е искушан во се како и ние, но ги победил сите искушенија (Евреите 2,18;4,15). Кој од вас ме кори за грев? – им кажал на своите тужители (Јован 8,46). Со својот живот на покорност и на совршена послушност кон божествената волја, Христос им ја одзел силата на сатанските напади против Законот. Тој го исполнил Законот (Матеј 7,17-19), покажувајќи ги со збор и со дело богатствата и длабините на божествените мерила. И така, живеејќи меѓу нас како човек, Христос покажал каква е всушност вистинската човечка природа – природата на човекот кој му е послушен на Бога.

Меѓутоа, за да се реши проблемот на гревот, не било доволно Исус да живее совршен живот. Според одредбите на вечниот завет (Евреите 13,20), Тој морал да биде Јагне Божје кое ги зема на себе гревовите на светот (Јован 1,29). Бидејќи плата за гревот е смрт (Рим.6,23), А прекршениот Закон бара правдата да се изврши, Божјот план на спасение морал да укажува на крстот. Христос умре за нашите гревови (1.Кор. 15,3).За што Оној, Кој не знаеше за грев, Он место нас Го направи грев, па преку Негода станеме правда Божја. (2.Кор.5,21).Тој на себе ги зел нашите гревови, умрел со смрт што ни била наменета нам, за ние да можеме да го примаме оправдувањето што му припаѓало нему и да живееме негов живот. А Он беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите безаконија; Казната за нашиот мир падна врз Него, а преку неговите рани ние се излекувавме.(Исаија 53,5). Во светлината на крстот ние можеме да ја видиме застрашувачката злоба на гревот и да ја сфатиме големината на Божјата љубов кон нас. Заедно со Павле и ние можеме да извикаме: А мене, да не ми даде господ да се фалам со нешто друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку кого за мене светот е распнат, а и јас за светот. (Гал.6,14).

А ни гробот не можел да го задржи! Распнат во петок прет пладне, умрел и закопан предвечер, веќе при осамнување на првиот ден на седмицата ги раскинал оковите на смртта. Станал како победник над смртта но и на гревот. Тој го сотрел оној што има власт над смртта, односно ѓаволот (Евреите 2,14), и станал првенец од мртвите (Отк.1,5),Оној што ги држи клучевите и од смртта (Отк.1,18). Неговата победа над смртта ни осигурува и нам победа над истиот непријател. Тој ни ветил: Зашто јас живеам и вие ќе живеете (Јован 14,19). Неговата победа осигурува и конечен исход на големиот судир помеѓу доброто и злото. Иако ние уште очекуваме да се исполнат најавените настани, сатаната уште сега е победен непријател, неговото вечно уништување е сигурно.

И така, со животот, воскресението, Исус Христос, Бог, го остварил својот план да го спаси загубеното човештво. Кога Бог проштава, тоа не го прави затоа што лакомислено го сфаќа гревот, туку затоа што постои крст кој докажува дека Тој е праведен и дека го оправдува оној кој верува во Исуса (Рим. 3,21-26). Во Христа Бог покажал колку го мрази гревот, но сепак на грешникот му овозможил да најде избавување. Бог едновремено го издигнал својот Закон, кој луѓето го кршеле а сатаната го напаѓал, и смртта ја претворил во живот.

Појавувањето на гревот внело болка, страдање и смрт во сета совршена вселена. Сепак, Божјата мудрост и неговата неисцрпна сила, прикажани во планот на спасението, се покажале дека и се дораснати на таа страшна опасност. А Законот се додаде, за да се умножи престапувањето. Каде што, пак, се умножува гревот, благодатта се јавува во голема изобилност, та, како што гревот царува, предизвикувајќи смрт, така и благодатта да се зацари со правда за живот вечен, преку Исуса Христа, нашот Господ.(Рим.5,20.21). Христовата смрт, неговиот живот и неговото воскресение ни помогнале подобро од кога и да е порано да го сфатиме Божјиот карактер. Целата безгрешна вселена уште поцврсто е поврзана со Бога восхитувајќи и се на милоста што ја покажал кон грешните.

Христос е Господ, цар на Животот, кој ја победил смртта, гревот и сатаната. Па затоа и Бог високо Го издигна и Му даде име, што е над секое име, та во името на Исуса да ги преклони колената на се што е небесно, земно и подземно, и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бога Отецот.(Фил.2,9-11).Токму затоа и избавените од сите векови ќе пеат заедно пред Божјиот престол:… кои зборуваа со висок глас: достоен е закланиот Агнец да ја прими силата и богатството премудроста и моќта, честа славата и благословот. (Отк.5,12).