Бог совршено се погрижил секој меѓу нас да може да се спаси, но Тој спасението не ни ги наметнува со сила. Тој е љубов по својата природа и Тој копнее човечките суштества од љубов да го прифатат неговиот план на спасение. Тој сторил се што стоело до него – зошто Бог беше оној кој во Христа го помири светот со себе, не засметувајќи им ги на луѓето нивните престапи – но неопходно е и ние да го прифатиме она што го сторил Тој за нас. Ве молиме во Христово име, помирете се со Бога! (2.Кор. 5,19.20).
Ние со вера го прифаќаме Божјиот дар на спасението. А верата е жива престава за она, на кое се надеваме, и докажување на она, што не се гледа. (Евреите 11,1). Верата е доверба во Бога, потпирање вра речта што ни ја дал Тој. Тоа е одвраќање од себичната самоувереност и прифаќање на Христа кој ни станува се во се.
Меѓутоа, и самата вера доаѓа од Бога. Нашата волја е расипана од злото, наклонета да не води по патот на злото. Затоа Светиот Дух не осведочува дека сме грешни и не наведува да ги измениме нашите мисли (Јован 16,8-11). Тој во нас буди желба за Бога и за неговата праведност и ја оспособува нашата волја да го избере доброто. Тој посебно влијае врз нас преку Божјата реч (Рим. 10,17). И така, наместо да се буниме против Бога и да бегаме од него, ние се свртуваме кон него и го прифаќаме неговиот дар на спасение. Според тоа, спасението доаѓа од Бога: Зошто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас – Божји дар е.(Ефес.2,8). Наша задача е да ја ставиме нашата волја на Божја страна, да бидеме секогаш готови да послушаме и да му дозволиме на Светиот Дух да не врати кај Бога. Дури и кога ни го нуди својот непроценлив дар, Бог ја почитува нашата слободна волја.
Кога со вера ја напуштаме нашата праведност и ја прифаќаме Божјата праведност во Христа, стапуваме во нов однос со него. Тогаш ние сме оправдани, ослободени од осудата на гревот и смртта што сме ја заслужиле затоа што сме го прекршиле Божјиот Закон (Рим.3,19-26). Овој нов однос обично се нарекува оправдување со вера. Нам гревовите ни се простени (1.Јованово 1,9), Ние сме помирени со Бога (2.Кор. 5,17-21), ослободени од оковите на гревот (1. Петрово 1,18.19), примени како синови и ќерки на живиот Бог (Рим.8,14-17) да му служиме среде овој бунтовен свет ( Филиб.2,15).
Ние не живееме повеќе под власт на гревот. Но благодарејќи Му на Бога, вие иако бевте робови на гревот од се срце му станавте послушни на оној вид учење на кое му се предадовте. Откако се ослободивте од гревот, вие станавте робови на правдата. (Рим.6,17.18). Светиот Дух кој прво не привлекува кон Христа, и кој (ако сакаме) предизвикува кај нас преродба, ни дава сила што ни е неопходна во секојдневниот христијански живот. Тој живее во нас, ни дава сила да ги совладаме искушенијата, ни помага при донесувањето на одлуки и се повеќе и повеќе ни ја открива љубовта што ја негува Бог кон нас прекум Христа (Рим.5,5; Ефес.1,13.14).
И така, од првата до последната фаза, искуството на спасението се стекнува со благодатта … преку верата (Ефес.2,8). Начинот на кој сме дошле кај Христа е начин на кој ние живееме во Христа: Поради тоа, како што го примивме Господа Исуса Христа, така одете по Него.(Кол. 2,6). Секој ден ние мораме да даваме се од себе и да правиме се – покорувајќи се себеси целосно на Бога и добивајќи од него живот и праведност. Исус рекол Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и врви по Мене. (Матеј 16,24). Ние живееме во Христа кога ќе се соединиме во него со однос кој секоја ден се продлабочува и се засилува. Бидете во Мене и Јас ќе бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене. Јас Сум лозата, а вие прачките; И кој што е во Мене и Јас во него, тој ќе даде многу плод. Оти без Мене не можете да направите ништо.( Јован 15,4.5).
Соединети со Христа, ние се преобрезуваме и стануваме слични на Бога (2.Кор. 3,18). Божјиот лик, речиси избришан со паѓањето во грев, сега постојано се обновува (Кол. 3,10). Ние не му пркосиме повеќе на неговиот Закон ниту се обидуваме да ги избегнеме неговите барања. Тој сега е запишан во нашето срце (Евреите 8,10.11). Ние знаеме дека, без оглед на тоа колку долго ќе останеме со него, Тој ќе не подржува со својата силна рака: Мојот Отец, што ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на мојот Отец (Јован 10,29).
Божјото спасение во Исуса Христа ни дава сила за денеска и надеж за утре. Нашиот живот со тоа добива смисла и значење: ние му припаѓаме на Бога. Ние со доверба се соочуваме со иднината, знаејќи дека не мора да се плашиме од злото се додека остануваме во Христа. Знаеме дека на судот имаме Застапник, Оној кој се моли за нас, праведникот Исус Христос (1.Јованово 2,11). И затоа со длабок копнеж го очекуваме денот на неговото доаѓање.
О длабино на Божјата љубов и мудрост која се погрижила за секоја наша потреба, сега и во вечноста! Што да речеме, пак, на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас? (Рим. 8,31).