Книгата Откровение опишува период од илјада години кој на истражувачите на Библијата им е познат како милениум. Поимот милениум не се наоѓа во Библијата, туку е изведен од латинскиот збор mile,што значи илјада, и annum, што значи година. Во теологијата овој назив се употребува исклучиво да го означи илјадагодишниот период опишан во Откровението, дваесетта глава.
Од сите временски пророштва во Библијата, најлесно може да се установи почетокот и крајот на милениумот, зашто тој период почнува со воскресение и завршува со воскресение.
Воскресението со кое почнува се нарекува „прво воскресение„, и во таа прилика ќе воскреснат само умрените праведници, зашто Писмото кажува: Блажен е и свет оној што има дел во првото воскресение (Отк. 20,6). Воскресението при крајот на милениумот е наречено второ воскресение, и тогаш ќе воскреснат само умрените неправедници, зашто Библијата кажува: Другите пак од неумрените не оживеја, додека не се наврши илјада години. Тоа е првото воскресениев (Отк. 20,5).Тоа се воскресенијата на кои мислел Исус кога рекол: Не чудете се на ова, зошто иде часот кога сите, кои се во гробовите ќе го чујат гласот на синот Божји, и ќе излезат; кои правеле добро, ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување. (Јован 5,28.29).
Бидејќи Библијата јасно кажува дека воскресението на праведните ќе се случи при второто Христово доаѓање, ние знаеме кога ќе почне милениумот. Апостол Павле пишува: Ова, пак, ви го велиме преку словото Господово, дека ние, Живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господа, нема да ги претекнеме умрените, бидејќи сам Господ, со заповед, при глас на Архангел и при труба Божја, ќе слегне од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите; а потоа ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господа на небото, и така секогаш ќе бидеме со Господа (1.Солуњ. 4,15-17).
Значи, јасно е дека милениумот ќе почне при второто Христово доаѓање, зашто тогаш ќе воскреснат умрените праведници. И тогаш тие, заедно со живите праведници, ќе бидат земени на небото со Христа, како што го ветил тоа Тој (Види Јован 14,1-3). Апостол Јован пишува: И царуваа со Христа илјада години (Отк. 20,4). Во текот на тој период праведниците ќе учествуваат во делото на судот. Ова судење всушност е испитување на животот на непокајаните и претставува дел на Боженствениот план на целата вселена и да се покаже дека Бог е и праведен и милостив. Избавениците, затоа што ги избрале Божјите патишта и на тој начин со Христовата праведност добиле право и способност за небото, ќе се вознесат на небото кога Исус ќе дојде.
Каде ќе се наоѓаат непокајаните додека ѓе се испитува нивниот живот? Овде на Земјата, во своите гробови. При Христовото доаѓање ќе станат само праведниците, па јасно е дека милиони непокајани кои изумреле во текот на сите векови ќе останат во своите гробови се до воскресението при крајот на милениумот.
Тоа воскресение ќе го чекаат и неправедниците кои биле живи во часот на второто Христово доаѓање, но го загубиле животот од Неговата слава (2.Солуњ. 1,7-10; Еремија 25,33; Отк. 19,11-21). Според тоа, во текот на милениумот Земјата ќе биде ненаселена и пуста.
Тоа ни помага да сфатиме зошто Библијата кажува дека сатаната ќе биде „врзан„ во текот на сите тие илјада години. Уште од времето кога првпат ги искушувал Адама и Ева во Едемската градина, сатаната се обидувал да ги измами луѓето и да ги наведува на грев. Но кога праведниците ќе бидат на небото, а и неправедниците во своите гробови, тој ќе нема работа. Затоа Библијата го опишува како врзан со вериги (Отк. 20,1.2). Тие вериги се симболички а не вистински, како и ние понекогаш што кажуваме дека сакаме нешто да сториме, но „рацете ни се врзани„. Вознесението на праведниците и смртта на неправедниците се алки во синџирот со кој е врзан сатаната.
Библијата кажува дека сатаната ќе биде„ врзан„ и фрлен во „бездна„ )Отк. 20,1.2). Таа „бездна„ е нашата Земја. Таа во тоа време ќе биде опустена со настаните што ги опишува Библијата во Отк.16,18-20; Исаија 6,11 и Еремија 4,23-27) така што состојбата на неа ќе биде слична на состојбата пред седмицата на создавањето. Зборовите што ја опишуваат состојбата пред седмицата на создавањето и онаа во текот на милениумот во Библијата се потполно исти во оригиналот: без облик и пуста. И така сатаната илјада години ќе биде врзан со околностите, способен само да размислува за гибелните резултати на своето делување.
Меѓутоа, при крајот на милениумот, тој ќе биде пуштен, ќе станат безбројните милиони неправедници да ја слушнат пресудата и да ја примат платата. Бибблијата кажува: А кога ќе се навршат илјада години, сатаната ќе биде пуштен од затворот свој, и ќе излезе да ги мами народите по четирите краишта на Земјата Гога и Магога, И да ги собере за војна: бројот нивни е како морскиот песок. (Отк. 20,7.8).
Зошто сатаната ги собира неправедниците за борба? Затоа што сака да превзаме уште еден конечен напат во својата вековна борба против правдата. Тој сака да го нападне светиот град, домот на избавените, кој се спуштил од небото (Види Јуда 14,15). Пророкот Јован тие сцени ги опишува вака: Тогаш јас, Јован, го видов светиот град Ерусалим, нов, како слегува од Бога, од небото, стокмен како невеста, променета за својот маж. (Отк. 21,2). А четите на грешните „Тие излегоа по ширината земна и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град; падна од облак оган небесен и ги проголта (Отк. 20,9).
Меѓутоа, овој обид ќе пропадне. Оган од небото ќе ја уништи секоја трага на гревот и ќе ја очисти Земјата. Апостол Петар за тоа зборува вака: И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со бука ќе ги снема, а стихиите ќе пламнат и ќе се разрушат, а Земјата и се што е на неа ќе изгори. (2.Петрово 3,10).
И така на крај од милениумот ќе исчезне и сатаната и сите што го избрале неговиот пат. Тогаш Бог ќе ја обнови земјата и ќе ја претвори во вечен дом на избавените. Петар пишува: Но ние, според Неговиот завет, на кои ќе се настани правда. (2.Петрово 3,13; види и Отк. 21,5).
Големата борба е завршена. Грев и грешници нема повеќе. Сета вселена е чиста. Во целата неизмерна вселена владеат потполна хармонија и радост. Од Оној што создал се тече живот, среќа и радост низ сите светови на бесконечното пространство. Од најмалечкиот атом до наголемиот свет, се што постои, и живата и неживата природа, во својата непоматена убавина и совршена радост зборуваат дека Бог е љубов.