НОВАТА ЗЕМЈА

При крајот на милениумот, кога гревот конечно ќе биде уништен, истиот оган ќе ги поништи и сите последици на гревот на Земјата. Тогаш Бог ќе ја обнови Земјата и ќе стори таа да изгледа онака како што сакал Тој при првото создавање (2.Петрово 3,10-13; Отк. 21,5).

Новата земја ќе им овозможува многу задоволства на своите жители, на избавените Божји деца, задоволства за кои ние денес не можеме ни да сонуваме, зошто „Но како што е пишано„: Око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна она, тоа Бог го приготвил за оние кои Го сакаат.(1.Коринќаните 2,9).

Иако ние сами не можеме да замислиме ниту најмалечок дел од славата што им е приготвена на избавените. Библијата сепак ни пружа изненадувачко изобилство на податоци.

Исус ќе ни приготви место во домот на својот Отец (Јован 14,1-3). Ние сами ќе градиме куќи и ќе живееме во нив (Исаија 65,17.21). Кога нашиот ум не ќе биде повеќе затемнет и ограничен со гревот, ќе бидеме способни да ја стекнуваме мудроста на жителите на безгрешната вселена.

Нема да има повеќе болка и тага. Јован во Откровението за тоа со радост не известува: И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; Ни тажачка песна, ни песок, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина. (Отк. 21,4). Замислете, никогаш повеќе не ќе мораме да се плашиме од разделба со пријателите и роднините, зашто нема да има смрт! Замислете, на располагање ни стои сета вечност да ги продлабочуваме пријателствата, да склучуваме нови!

Промените што ги внесил гревот во природата ќе исчезнат. Телата на луѓето ќе бидат млади и силни. И животните пак ќе станат питоми и простодушни. Волк и јагне ќе пасат заедно, а лавот ќе јаде слама како вол, а на змијата правот ќе и биде храна: тие нема да причинуваат зло и штета по целата Моја света гора, вели Господ. (Исаија 65,25).

Новиот Ерусалим, кој при крајот на милениумот се спуштил од небото на Земјата, ќе биде престолнина на Божјата вселена. Низ средината на градот ќе тече „чиста река со вода на животот„ (Отк.22,1). Од двете страни на реката ќе расте дрво на животот посреде главната улица и од двете страни на реката стои дрвото на животот, кое раѓа плодови дванаесет пати, давајќи плод секој месец; а лисјата на дрвото служат за исцелување на народите. (Отк.22,2).Во тој град нема да има ноќ, нему не му е потребна светлина од Сонцето или од Месечината, зашто ќе го осветлува Божјата слава (Отк. 21,23). Бидејќи никој нема да се изморува, нема да биде неопходна ниту ноќна починка.

Но се она што ќе го примат наследниците на новата Земја на материјалното подрачје, ќе биде далеку надминато од духовното предимство што се состои од одржување на отворена, неограничена врска со Бога и со Христа. Иако Така сега гледам како низ стакло во гатанка, а тогаш лице во лице; сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат (1.Кор.13,12).

Како годините на вечноста ќе изминуваат, ќе донесуваат се побогати и почудесни откровенија за Бога и за Христа. И како што ќе се зголемува знаењето, така ќе расте и нивната љубов, нивното стравопочитување и нивната среќа. Колку повеќе ќе знаат за Бога, луѓето се повеќе ќе му се восхитуваат на неговиот карактер. И додека Христос пред нив ќе открива се побогати ризници на откупувањето и вчудовидувачки достигања во големата борба со сатаната, срцата на откупените ќе пламтат со се поголема преданост, се порадосно и со посилен занес ќе одираат во своите златни харфи; и десет илјади по десет илјади и илјада илјади гласови ќе се здружат во силен хор на прослава (ГБ 678).

Делото на откупувањето ќе се доврши. Таму каде што гревот станал поголем, тука милоста се излеа во преизобилство. Па и Земјата, која сатаната ја сметал за своја, ќе биде не само откупена, туку повторно ќе ја задобие почитта на вселената. Нашиот малечок свет, кој поради проклетството на гревот е темна флека во Божјото славно дело на создавањето, ќе биде почитуван повеќе од сите други светови на вселената. Овде, каде што Синот човечки живеел меѓу луѓето; каде што живеел, страдал и умрел Царот на славата – Овде, каде Тој пак ќе создаде се ново, ќе биде Божјата светиња меѓу луѓето – Тој ќе живее со нив: тие ќе бидат негов народ и самиот Тој, Бог, ќе биде со нив. Во текот на бесконечните векови, додека ќе живеат осветлени со Божјата светлина, откупите ќе го слават Господа, благодарејќи му за Неговиот непроценлив дар: Емануел, што значи Бог со нас! (Ѕвезда над Витлеем, стр.17).