Во текот на целата историја Бог имал луѓе кои му останале верни. Без оглед на тешкото отпадништво на другите, верните Божји следбеници го величеле Божјето име и живееле исполнети со вера во спасението што му го приготвува Тој. Повремено бројот на верните Божји поклоници многу се намалувал, така што тие станувале незначително малцинство, остаток, како што било тоа во времето на потопот (1.Мој. 7,7), или во деновите на службата на Илија (1.Царевите 19,18).
Овие денови, непосредно пред второто Христово доаѓање, Бог повторно го повикува својот Остаток.
Денеска се забележува сеопшто непочитување на Божјиот Закон, мнозинството не ја слушаат Божјата волја и ја отфрлаат Божјата понуда на спасение, злото и грешните напредуваат на полошо (1.Тим.3,13). Во едно такво време Божјиот Остаток е повикан „да бидете прави и чисти, непорочни чеда Божји среде лошиот и расипан род, во кој светите како светла во светот„ (Фил.2,15). Среде оние што станале против Бога, Остатокот ги почитува и ги држи Божјите заповеди; во периодот на неверството, припадниците на Остатокот имаат вера Исусова (Отк. 14,12). Додека настаните на Земјата бргу се приближуваат кон своето големо финале, разликата меѓу Остатокот и оние што веруваат ќе станува се поголема.
Црквата на Остатокот се појавила на Божјиот повик да ја објави последната вест и да покаже верност и праведност кон својот Творец. Затоа што Бог секогаш прво ги предупредувал претстапниците и дури потоа ги казнувал со своите судови, Тој го задолжува Остатокот на целиот свет да му го објави скорашниот крај на сите настани. Оваа задача на Остатокот е опишана со слика на тројца ангели во Откровението 14,6-12. Остатокот добил задача да го опомене целиот свет, вклучувајќи ги припадниците на секое племе, јазик, колено и на род. Остатокот со својата порака обрнува внимание на приближувањето на денот на Божјиот суд – Бог се меша во текот на светската историја за да ја приведо кон крај големата борба помеѓу доброто и злото. Таа порака едновремено ги повикува сите луѓе да се одвојат од сите организации и неорганизирани облици на злото и на заблудата, и сета чест да му ја дадат само на Бога.
Меѓутоа, суштината на веста што ја објавува Остатокот ја преставува вечното евангелие. Бог секогаш имал само еден единствен пат на спасение за мажите и жените – со вера во дарот што ни го дал преку Исуса Христа. Остатокот треба високо да го издигне Христовиот крст за сите луѓе да можат да погледнат во него и да живеат (Јован 3,14-18). Токму последното време и околностите во кои се објавува оваа вест – широко распространетиот отпад од Божјиот Закон, приближувањето на денот на судот, скорашниот крај на судирот меѓу доброто и злото – на ова објавување на вечното евангелие му даваат посебен замав и сила.
Остатокот делува како движење за собирање околу пророштвата. Божјите следбеници се расеани по целиот свет и им припаѓаат на многу верски заедници и религии. Меѓутоа, под притисок на настаните на последното време, кога причините на судирот меѓу Христа и сатаната ќе биде мошне јасно откриени и кога линијата на разделувањето меѓу Христовите следбеници и следбениците на неговиот противник ќе биде мошне остро повлечена, Остатокот ќе стане јатка околу која ѓе се собираат вистинските верници, вистинските Божји следбеници од сите краишта на светот (Отк. 18,1-4). И така, при второто Христово доаѓање, светот ќе биде јасно поделен во два големи табора.
Секој вистински Христов следбеник е повикан во овие последни денови да биде припадник на Црквата на Остатокот – повикан да ги прифати предимствата и одговорностите што и припаѓаат на Божјата последна Црква на Земјата. Пред се, Остатокот треба да го издигне Христа и неговото спасоносно дело и со својот живот да покаже дека навистина му припаѓа на христа. Остатокот треба на цел свет да му ја открие задолжителноста на барањата на Божјиот Закон, што толку често се газени во современиот свет, да посведочи, со збор и со дело, дека се приближува крајот на историјата на грешниот свет – да ги предупреди сите, да ги повика сите и да се труди околу сите.