ПРИРОДАТА НА ЧОВЕКОТ

Кога Бог решил да ги создаде човечките суштества според својата лика, (1Мој.1,26.27), зел парченце од Земјата што ја создал и го формирал во облик што го сакал. Но на тој облик уште му недостигал живот. Тогаш Бог му дувна на шовекот во носот животен здив и човекот стана жива душа (1.Мој.2,7).

Вдахнувајќи животен здив во Адамовите носалки, Бог на човечкиот род му дал животна искра, или животен принцип. Тоа е она што човекот го прави свесно интелегентно суштество. Земниот прав, кога ќе се соедини со животниот здив, станува живо соединение. Без таа комбинација нема ниту живот ниту постоење,како што немало ниту живот ниту постоење во обликот што станал Адам пред Бог да му вдахне животен дух.

За да може да постои душа, таа мора да се состои од тело (прав) и од здив (животен здив). Само така постои душа жива. Оваа мисла би можела многу подобро да се сфати кога наместо изразот душа би се употребил изразот суштество, како што го прават тоа некои преводи на Библијата.

Каков вид на живи суштества тогаш станале луѓето? Животните се создадени според истиот рецепт како и човекот, состојките се исти: земен прав и животен здив (1.Мој.7,21.22). Меѓутоа, луѓето преставуваат посебна категорија, категорија за себе, зашто само човекот бил создаден според Божјиот лик. На човекот му е подарен посебен вид на интелегенција, вид што животните го немаат. Физички, ментално и духовно, луѓето го одразуваат Божјиот лик. Човекот е единка што знае да мисли, да делува, да одговори на Божјата љубов онака како што не може ниту едно животно.

Човечката природа е целосна. Иако сме создадени како слободни суштества, сепак секој од нас преставува неделива целина на телото, умот и душата што добива од Бога живот, дишење и се. Но Бог на совршените суштества што ги создал им дал и најголем од сите дарови, способност да бираат. Без можност да бираат луѓето никогаш не би можеле да изградат морален карактер ниту би му служеле на Бога од љубов. Давајќи им го на создадените суштества тој голем дар, Бог на себе презел и ризик луѓето да го злоупотребат тој дар и со тоа да ги навлечат на себе и последиците на гревот.

Кога нашите прародители станале непослушни на Бога, всушност одбиле да бидат зависни од Него. Постапувајќи така, ја загубиле својата од Бога дадена способност да живеат телесно, ментално, друштвено и духовно онака како што им одредил Тој. Поради гревот законите на наследувањето, првобитно наменети за благослов на човекот, станале механизам за пренесување на грешни склоности од поколение на поколение.

Божјиот лик, според кој биле создадени луѓето, е изопачен со гревот. Сите ние сега имаме грешна природа и ги трпиме нејзините дегеративни последици. Нашето тело и нашата сила не можат да им се спротиставуваат на барањата на нашата грешна природа. Родени како припадници на грешното човечко семејство, сите имаме наследни склоности кон гревот.

Нашето срце е најподмолно од се и одвај поправливо (Еремија 17,9).И над се, секој од нас и самиот грешел. Бидејќи сите згрешија и ја загубија славата Божја (Рим.3,23). Нема ниту еден праведен (Рим. 3,10). Сатаната ги користи овие наши наследни слабости и грешни склоности да не наведе на грев. Бидејќи сето тоа се устремило против нас, се чини дека нема начин како луѓеда ги избегнеме стаоиците на гревот!

Меѓутоа, Бог во Христа го помирил светот со себе и со својот Свети Дух во покајаните грешници го обновува ликот на Творецот. Тој ни ги проштава нашите гревови, не ослободува од товарот на кривицата и на срамот и ни дава предимство да живееме во заедница со Него (Лука 4,18; или1.Јованово 1,9;3,1.2). За да го реши проблемот на нашата грешна природа, Тој ја менува (Рим.12,2),не прави нови созданија (2.Кор.5,17) и го менува нашето однесување. Оваа промена во нашата природа е толку драматична, што Библијата ја нарекува ново раѓање (Јован 1,12.13;3,3).

Една од последиците на гревот, како што предупредил Бог однапред, била смртта – човечките суштества станале смртни, подложни на смртта (1.Мој.3,3). Во посланието до Римјаните 6,23 Павле кажува дека плата за гревот е смрт, но веднаш додава дека Божјиот дар е живот вечен во нашиот Господ Исус Христос.

Поради гревот, сите што се родени на овој свет, се подложни на првата смрт, но тоа не е конечна плата за гревот. Вистинската плата за гревот е втората смрт која донесува вечно уништување. Тоа е спротивност на вечниот живот. Меѓутоа, само оние што сами избрале да живеат грешен живот, ќе ја искусат вечната смрт, втората смрт. Бог создал план – план на спасени – според кој смртните, грешни суштества можат да ја избегнат платата за гревот. Кога ќе го прифатиме Христа како наш Спасител, ние го прифаќаме и животот што му припаѓа Нему, зашто Тој ја презел смртта што ни била наменета нам. Според тоа, оние што го прифатиле Христа можат да умрат, но потоа ќе воскреснат и ќе добијат бесмртност (1.Кор.15,51-57);Отк.21,4).

Паѓањето на Адама и Ева во грев влијаело врз нивната слобода на избор и врз слободата на избор што ја имаат нивните потомци. Во посланието до Римјаните 6,12 Павле зборува дека во нашите смртни тела владее гревот. Според нашата природа ние сме слуги или робови на гревот (Рим. 6,17). Ние сме под власт на гревот и смртта. Немаме можност ниту сила да се спротиставиме. Но кога во нашиот живот ќе влезе Христос, Тој не ослободува од власта на гревот и повторно ни дава сила да ја избереме слободата од робувањето на гревот. Наместо да му робуваме на гревот, добиваме ветување за вечен живот (Рим.6,7-23).

ТЕ ПРОСЛАВУВАМ ЗАТОА ШТО СУМ ЧУДЕСНО СОЗДАДЕН. ПРЕКРАСНИ СЕ ТВОИТЕ ДЕЛА: ДУШАТА МОЈА ТОА ДОБРО ГО СОЗНАВА.

ПСАЛМ 138,14