Текстови

СОЗДАВАЊЕТО

Преку верата разбираме дека вековите се установени со збор Божји и дека од невидливото произлегло видливото.(Евреите 11,3). Затоа што не е возможно научно да се одреди како и кога настанала Земјата, само со вера можеме во делото на создавањето да ја видиме Божјата рака.

Во почетокот Бог ги создаде небото и Земјата ( 1Мој.1,1), а во Библијата потоа е објавен автентичен извештај за таа Негова творечка дејност.  Библискиот навод дека Земјата беше без облик и пуста (1Мој.1,2) во мигот на настанувањето, не наведува на заклучок дека Бог се што живее на Земјата,и се што им било неопходно на тие суштества како животна средина, го создал за шест последователни вистински денови на создавањето (2 Мој. 20,11).

Генеолошки извештај на Библијата не упатува на мошне куса хронологија, давајќи ни на знаење дека создавањето се случило пред не толку многу илјади години.

Библијата не само што упатува на Бога како Творец на се, туку открива дека Тој постојано лично се грижи за се што создал на оваа планета, а особено за луѓето. Божјата намера да воспостави и да одржи постојан, личен допир со се што е создадено, јасно е откриена во самиот извештај на создавањето, со Божјиот првобитен однос со првите човечки суштества и со Неговото стрпливо постапување со нив откако паднале во грев.

При создавањето на светот Бог не зависел од материјата што веќе постоела. Со божествена сила светот бил создададен ех нихило – од ништо. Преку верата разбираме дека вековите се установени со збор Божји и дека од невидливото произлегло видливото. (Евреите 11,3). Настанувањето на нуклеарната наука ни овозможило до извесна мера да сфатиме како можела Божјата сила да се преобрази во материја и со тоа да го создаде видливиот свет. Земјата е само мал дел на она што го создал Бог. Бидејќи преку него е создадено се што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било начелства, било власти – се е преку Него и за Него создадено.(Колос. 1,16). Писателот на посланието до Евреите тврди: Преку кого ги создаде световите (Евреите 1,2). Дали тие други светови се населени, во Билијата не е изрично кажано, но се подразбира од собирањето на Божјите синови (Јов 1,6) и од библискиот концепт на одбрана на угледот на Божјето владеење и на правдата пред вселената на судот (Данило 7). Би било тешко да се поверува дека Земјата е единствена населена планета во целата пространа Божја вселена.

Првиот човек, Адам, и првата жена, Ева, биле создадени според Божјиот лик како круна на делото на создавањето (1.Мој. 1,26). Ним им била дадена власт над светот и одговорност да се грижат за него (1.Мој. 1,27-30). Кога делото на создавањето било завршено, Бог објавил дека се било мошне добро (1.Мој.1,31). Значењето на животот, целта на човечкото постоење и крајната намера светот да се обнови со сета своја првобитна убавина, ние можеме да ги сватиме само онака како што ни го открил тоа нашиот творец кој ги поставил нашите прародители да живеат во еден совршен свет. Кога не би имало создавање, кога нашиот свет би бил само производ на некаков слеп случај, кога не би имало Творец, тогаш не би имало ниту закон ниту ред, ниту хармонија во вселената.

Еден од најсилните докази за тоа дека постои Творец се законите чиешто делување во вселената го откриле научниците, како и чудесната сложеност на самиот живот. Логиката и разумот и се противат на замислата дека толку сложениот организам, како што е човечкиот, со својот голем број на меѓусебно зависни системи и функции би можел да настане со делување на една слепа случајност. Иако теоријата за еволуцијата, која смета дека сите сложени форми на животот се развиле од едноставни живи клетки, денеска е прифатена речиси во сите краишта на светот, таа не била ниту може да биде научно прикажана ниту докажана.

Меѓутоа, уште поречит доказ дека постои Творец е начелото на љубовта и доброто поврзано со создавањето – Бог на љубовта не само што создал се, туку и постојано го одржува се она што создал (Колс.1,17; Евреите 1,3).Христос, Творецот, Речта; преку кого настанал нашиот свет, таа љубов кон светот ја покажал не само во текот на првобитното создавање, туку и со својата подготвеност да умре наместо нас (Јован1,1-3.14;3,16), така што нашиот свет може да биде обновен и вратен во поранешното совршенство што постоело се додека гревот со своето делување не го расипал делото на создавањето.