Текстови

СВЕТО ТРОЈСТВО

Иако и другите, нехристијански религии, познаваат некој вид боженствено „тројство`само христијанството верува во еден Бог – како единствен вистински и жив Бог (5 Мој.6,4). Кој постои како спој на три посебни вечни божествени личности: Отец, Син, Свети Дух. Божествените личности на ова триединствено Божество се бесмртни, семожни и сезнајни. Божеството е бесконечно и не може да се свати со човечкиот разум, но сепак познато им е на луѓето во онаа мера во која само решило да им се открие. Личностите на Тројството се откриле во делата на своите раце во природата, во својата пишана Реч – Библијата и преку отелотворувањето на Речта – Исус Христос. Писмото учи дека постои еден Бог како три посебни личности, како Тројство:

1.Бог-Отец

Сепак ние имаме само еден Бог Отец, од Кого се е, и ние сме во Него, и еден Господ Исус Христос, преку кого е се и ние сме преку Него.(1Кор.8,6). Еден е Бог и Отец на СИТЕ, кој е над се, и преку сите, и во сите нас (Ефес.4,6).

2.Бог-Син

Оти во Него телесно живее сета полнота на Божеството.(Колос.2,9). Да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог Спасител, нашиот Исус Христос(Тит 2,13).

3.Бог-Свети Дух

Но Петар рече: Ананија, зошто го исполни сатаната срцето твое, да Го излажеш Светиот Дух и да затаиш дел од земните пари за нивата? Додека не беше ли твоја, и откако ја продаде, не беа ли парите во твоја власт? Зошто вложи во срцето твое таква работа? Ти не излага луѓе, туку Бога.(Дела 5,3.4). А нам пак ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зошто Духот испитува се па дури и длабините Божји. Бидејќи кој човек знае се, што има во човекот, освен човечкиот дух, кој живее во Него? Па така, и Божјото не го знае никој освен Божјиот Дух.(1Кор.2,10.11). Трите личности на Божеството се опишани во Библијата како личности кои меѓусебно одржуваат вообичаени односи. Тие, зборувајќи една за друга, употребуваат лични заменки (види:Мат.17,5;Јован16,13.28;17,1). Тие меѓусебно се сакаат и почитуваат (види:Јован 3,35;15,10;16,14). Отецот го праќа Синот (Мат.10,40),Синот се моли на Отецот (Јован 17,18), а Отецот и Синот го праќаат Светиот Дух како свој преставник (Јован 14,26;16,7). Личностите на Тројството се толку посебни, што можат да се обраќаат една на друга, да се сакаат една со друга и да делуваат хармонично во договор. Секоја од нив има посебна мисија што ја извршува дури и тогаш кога заеднички работат на такви дела како што се создавањето и откупувањето. Библиската изјава дека Бог е љубов (1 јов. 4,8)важи на ист начин за сите три личности на Божеството. Бог е љубов, а љубовта е релација, а за релација се потребни најмалку двајца. Всушност, за Бог да биде љубов, од вечноста морало да постои повеќе од една божествена личност. Кога Бог од вечноста би бил само една личност, тогаш неговата љубов би била ограничена на љубовта кон самиот себеси. Иако ниеден библиски текст не го споменува учењето за Тројството, тоа се подразбира како факт и библиските писатели го споменуваат неколку пати.

Тоа се подразбира од самиот почеток на Библијата кога Бог и Божјиот Дух се опишани при создавањето. Новиот завет изнесува дека и Христос учествувал во создавањето, дека всушност бил Творец (Јован1,3;Кол. 1,16.17; Евреите 1,2). Евангелието според Матеј (Мат.28,19) заповеда крштевање во името на Отецот, на Синот и на Светиот Дух. Со тоа на Учењето за Тројството му се дава толкав нагласок што истото се прогласува за темелна вистина на нашата вера. При Христовото крштевање постоењето на триединственото Божество било изразано со истовремено појавување на сите три Божествени личности. Евангелието според Матеј 3,16.17. го опишува Бог Синот-Исуса при крштевањето. Божјиот Дух се појавил во вид на гулаб што се спуштил врз Исуса. Едновремено се слушнал глас на Бог Отецот кој објавил: Овој е мојот возљубен Син кој е по мојата волја. Евангелието според Лука 1,35 ги вклучува сите три Божествени личности во објавувањето на веста дека небото ја избрало Марија да биде мајка на Месија. Требало Светиот Дух да се спушти врз неа и да ја засени силата на Највисокиот, за да го роди Божјиот Син. Исус ја признал посебноста на секоја божествена личност кога рекол: А кога ќе дојде Утешителот, кого што ќе ви Го испратам Јас од Отецот, Духот на вистината, кој излегува од Отецот, Он ќе сведочи за мене.(Јован 15,26) Ова учење го потврдува така наречениот Павлов Апостолски благослов. Во молитвата, упатена на Христа за милост на Отецот за љубови на Светиот Дух за заедница, апостолот ги споменува сите три Божествени личности:Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога и Отецот и заедништвото на Светиот Дух нека бидат со сите вас. Амин! (2Кор.13,13)