Текстови

ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ

Од најраните денови на постоењето на адвентистичката Црква, адвентистите пееле песни за блажената надеж во второто доаѓање на Исуса Христа (Тит 2,13). Како што покажува и делот на името на нашата Црква, ние очекуваме буквално второ Христово доаѓање. Христос пак ќе дојде, и тоа ќе дојде наскоро, иако не ни го открил точното време на своето доаѓање. Затоа што веруваме дека еден ден ќе го видиме Исуса како доаѓа во слава, опкружен со своите свети ангели, ние сме среќни луѓе и нашите песни ја одразуваат нашата радост.

Исус повторно ќе дојде затоа што ги сака мажите и жените, своите браќа и своите сестри на Земјата и сака тие да бидат со него. И чу глас од небото како шум од многу води и како звук од силен гром; чув глас на гуслари кои свират на гуслите свои и како да пеат нова песна пред престолот и пред четирите животни и старците; и никој не можеше да ја научи таа песна, освен оние сто и четириесет и четири илјади, кои беа откупени од Земјата. (Јован 14,2.3) – им рекол Исус на своите ученици. Исус ќе ги земе своите мили ученици – оние што живи ќе го дочекаат и оние што ќе воскреснат при Неговото второ доаѓање – на небото со себе (Види 1.Солуњаните 4,16.17).

Иако само Бог го знае точното време на второто Христово доаѓање, со проучување на пророштвата и со знаците може да се установи дека тој настан е близу, пред врата (Матеј 24,33). Второто доаѓање ќе го означи крајот на земните царства, преткажани во книгата на пророк Данило во втората глава.Бидејќи историјата забележала дека сите други делови на тоа пророштво веќе се исполниле, нама никакво сомневање дека и Божјето царство ќе биде воспоставено онака како што е преткажано.

Разговарајќи со своите ученици на Маслинската гора непосредно пред својата смрт на крст, Исус им ги набројал знаците според кои неговите ученици ќе можат да утврдат кога Неговото второ доаѓање е близу (Види Матеј 24; Марко 13; Лука 21). Знаци ќе се видат на Земјата и на небото, евангелието ќе се проповеда по целиот свет. Апостол Павле преткажал појавување на антихрист, човек на беззаконие, пред Христовото дозѓање (2.Солуњаните 2,1-9), а Јаков пишува за социјални немири и за економска неправда Јаков 5,1-7), Петар пишува за неверување во неговото ветено доаѓање (2.Петрово 3,1-6) и објаснува зошто може да дојде до одлагање на тој настан.

ЛАЖНИ „ХРИСТОСИ„

Освен што треба внимателно да ги бараме знаците на Христовото доаѓање, треба да дознаеме се што можеме за начинот на неговото доаѓање, зашто во последните денови ќе се појават многу лажни „христоси„ и мнозина ќе прелажат (Матеј 24,4.5)

Христовото доаѓање ќе биде лично и дословно, како што преткажале ангелите – истиот овој Исус ќе се врати на Земјата на ист начин како што и замина (Дела 1,11). Ова негово второ доаѓање не смее да се замени со Неговото духовно присуство меѓу верните по вознесението, со слегувањето на Светиот Дух како Христов преставник или со смртта.

Второто Христово доаѓање ќе биде не само дословно, туку и видливо (Отк.1,7; Матеј 24,26.27). Мноштво ќе го види Исуса кога ќе се спушти на земјата со своите ангели – и верните и неверните. Во Христовото доаѓање ништо нема да биде тајно. Освен што ќе се види, Тој и ќе се чуе. Павле второто доаѓање го опишува (1.Солуњаните 4,16) како настан придружуван со глас на архангел и со Божја труба.

Исусовото доаѓање ќе биде славно – тоа според величественоста е споредено со блескотот на молњата што го осветлува целото небо (Матеј 24,27.30). Ќе биде придружуван со воскресение на сите умрени праведници (1.Солуњаните 4,16).

Додека го чекаме Христа да се врати, ние сме свесни дека мора да сториме се што стои до нас овој свет да биде подобар и поугоден стан на луѓето, имајќи на ум дека нашата највозвишена цел е себеси и ближните да ги приготвиме за светот што ќе дојде.