БЛИСКУ Е ВРЕМЕТО…

БЛИСКУ Е ВРЕМЕТО КОГА ВОЛКОТ
СО ЈАГНЕ ЌЕ СПИЕ
БЛИСКУ Е ВРЕМЕТО КОГА ГРЕВОТ
СО ВИСТИНА ЌЕ СЕ МИЕ
БЛИСКУ Е ВРЕМЕТО КОГА ЧОВЕК
ОД ЧОВЕК НЕМА ДА СЕ КРИЕ
БЛИСКУ ЕВРЕМЕТО КОГА СВЕТИОТ СУД
НА ЗЕМЈАТА ЌЕ СУДИ
БЛИСКУ Е ВРЕМЕТО ЗА ПРАВЕДНИТЕ
ПРАВДАТА НИВ ЌЕ ГИ РАЗБУДИ
БЛИСКУ Е ВРЕМЕТО КОГА ТОЈ
ВО ВЕЧНИТЕ ВИСИНИ ЌЕ НЕ ДИГНЕ
БЛИСКУ Е ВРЕМЕТО КОГА СЕКОЈ
ДО СВОЈОТ НОВ ДОМ ЌЕ СТИГНЕ
БЛИСКУ Е ВРЕМЕТО ЗА ОНИЕ СИЛНИТЕ
ВО ВЕРАТА ШТО БДЕАТ
БЛИСКУ Е ВРЕМЕТО ЗА ОНИЕ НА СПАСИТЕЛОТ
ПЕСНИ ШТО МУ ПЕАТ
БЛИСКУ Е ВРЕМЕТО КОГА ЌЕ ПРЕСТАНАТ
СОЛЗИ ДА СЕ ЛЕАТ
БЛИСКУ Е ВРЕМЕТО КОГА СПАСИТЕЛОТ
ЌЕ БИДЕ СО НАС
БЛИСКУ Е ВРЕМЕТО КОГА ДУЧИТЕ НАШИ
ЌЕ НАЈДАТ СПАС
КОГА АНГЕЛИТЕ ЌЕ СЕ ГЛАСАТ СО СИЛЕН ГЛАС
ЌЕ ДОЈДЕ ДЕНОТ ЗА СПАС
И СИЛНА СВЕТЛИНА ЌЕ СЕ РАЗЛЕЕ
НАД СИТЕ НАС