Текстови

ДОЦНА Е…

ДОЦНА Е КОГА СУЛФУРОТ И ОГАНОТ
ЌЕ СЕ СПУШТАТ ВРЗ НАШИТЕ ДУШИ
ДОЦНА Е КОГА СЛОВОТО НЕГОВО
НЕМА ДА ДОПРЕ ДО НАШИТЕ УШИ
ДОЦНА Е КОГА ПЕПЕЛТА И ЧАДОТ
СЛАБИТЕ ВО ВЕРА ЌЕ ГИ ГУШИ
ДОЦНА Е КОГА ВРЕМЕТО Е БЛИЗУ
А ДЕНОТ ЗА СПАС Е ДОЈДЕН
ДОЦНА Е КОГА НОВА СВЕТЛИНА
ЌЕ СЕ ДАВА
ДОЦНА Е КОГА ТОЈ ЌЕ ДОЈДЕ
ВО СИЛНА СВЕТЛИНА И СЛАВА
ДОЦНА Е КОГА ТОЈ СЕКОМУ ПО ЗАСЛУЖЕНОТО
И ПО СТОРЕНОТО ЌЕ ДАВА
ДОЦНА Е КОГА НА ЗЕМНИОТ ЖИВОТЕН КРАЈ
НОВ ПОЧЕТОК ТОЈ ЌЕ СТАВА

СОСТАВИЛ: В.С. ЛИСАВ