ECCE HOMO ЕВЕ ГО ЧОВЕКОТ!

ЕВЕ ГО ЧОВЕКОТ РАДОСТА НА СВЕТОТ
ШТО ЈА НОСИ
ЕВЕ ГО ЧОВЕКОТ ТАГАТА И БОЛКАТА
ШТО ЈА КОСИ
ЕВЕ ГО ЧОВЕКОТ ПАТОТ СТРАДАЛЕН
ШТО ГО ОДИ
ЕВЕ ГО ЧОВЕКОТ ВО СРЦЕТО СВОЕ
ШТО НЕ ВОДИ
ЕВЕ ГО ЧОВЕКОТ ВО ВЕРАТА СИЛНИ
ШТО НЕ ПРАВИ
ЕВЕ ГО ЧОВЕКОТ ЗАВЕТОТ ГО ДАВА
ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ
ЕВЕ ГО ЧОВЕКОТ ЖИВОТОТ СВЕТОТ
ШТО МУ ГО ЗЕМА
ЕВЕ ГО ЧОВЕКОТ КАЈ ОТЕЦОТ
ДА ОДИ СЕ СПРЕМА
ЕВЕ ГО ЧОВЕКОТ НА ГОЛГОТАТА ОДИ
И СТИГНА
ЕВЕ ГО ЧОВЕКОТ НЕБОТО СЕ СТЕМНИ
И БУРА СЕ ДИГНА
ЧОВЕКОТ СИН БОЖЈИ БИЛ, ОД СВЕТОТ
ГЛАС СТИГНА.

СОСТАВИЛ В.С. ЛИСАВ