И ПОВТОРНО ДА СЕ РОДАМ СИТЕ ПО ТВОЈОТ ПАТ ЌЕ ГИ ВОДАМ

НИЗ ВЕКОВИТЕ ШТО МИНАЛЕ
И НИЗ СИТЕ ВЕКОВИ ШТО ИДАТ
И ПОВТОРНО ДА СЕ РОДАМ
СИТЕ ПО ТВОЈОТ ПАТ ЌЕ ГИ ВОДАМ
ДЕЛАТА ТВОИ ДА ГИ СОЗНААТ
СО ТЕБЕ ВО НОВИОТ ЖИВОТ ДА БИДАТ
И НА БЕЛО КАМЧЕ НОВОТО ИМЕ
НАПИШАНО ДА ГО ВИДАТ
ГРЕВОВИТЕ СВОИ СЕКОЈ ДЕН
ДА ГИ ИСПОВЕДААТ
И НА ЖИВОТОТ НОВ ПО СМРТТА
ДА СЕ РАДУВААТ И НАДЕВААТ
ЗОШТО ТОЈ ЌЕ ДАДЕ СЕКОМУ
СПОРЕД ДЕЛАТА СТОРЕНИ
А КОИ ДО СМРТНИОТ ЧАС
ВЕРНИ ЌЕ МУ БИДАТ
СО ВЕНЕЦОТ НА НОВИОТ ЖИВОТ
ВО ЦАРСТВОТО ЌЕ СЕ ВИДАТ
ОНИЕ КОИ ПОБЕДУВААТ ВО ВОЉАТА СВОЈА
И ГИ ЗАПАЗУВААТ ДЕЛАТА ХРИСТОВИ ДО КРАЈ
ЌЕ ЈАДАТ ОД ДРВОТО НА ЖИВОТОТ
ВО ГРАДИНАТА СРЕДЕ БОЖЈИОТ РАЈ

СОСТАВИЛ В.С. ЛИСАВ