Еве ме пред Тебе стојам
И од ништо не се бојам
За делата во животот свој
Други нека судат
За неделата сторени
Во ладна пот да се будат,
Оние кои залудно
На Бога се нудат
Пред икони со ликови разни
И ветувања празни,
За други во нив да гледаат
И да мислат дека се исповедаат,
А гревовите нивни сторени
Да растат со недела обиколени
Јас и понатаму пред Тебе ќе стојам
Во деновите што идат ќе бројам
И за Тебе во мене ништо нема да се смени,
За Твоето име да е во вечни спомени
Јас и понатаму ќе стојам и ќе бројам
Кога повторно Ти ќе се јавиш
Новото царство да го објавиш.
Составил,В.С. ЛИСАВ