РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО

ЅВЕЗДА ВО НОЌТА ОД ИСТОК СЕ ЈАВИ
И СЕ ПРЕНЕСЕ ГЛАС,
АГНЕЦОТ СЕ РОДИ И МЛАДЕНЕЦОТ
ЗА НАШИОТ СПАС,
ОД ЛОЗАТА ДАВИДОВА СЕ РОДИ ПАСТИР И ЦАР
ЗА СИОТ СВЕТ СКАПОЦЕН ДАР.
СЕ ПРЕНЕСЕ ГЛАС И ДО МОЌНИОТ ИРОД,
ИЗРАЕЛСКИОТ ЦАР,
СЕ РОДИ НОВИОТ ИЗРАЕЛСКИ ВЛАДЕТЕЛ,
ТОЈ ОД ИРОДА ПОГОЛЕМ ДА Е ЗАР?
МУДРЕЦИТЕ ГИ СОБРА И ДА РАЗБЕРАТ ГИ ПРАТИ
КАДЕ СЕ РОДИ НОВИОТ ЦАР?
ДА БИ И ТОЈ СЕ ПОКЛОНИ,СУЕТНИОТ ИРОД,
И ДА ОДНЕСЕ ДАР.
И ЅВЕЗДАТА ВРВЕШЕ ПРЕД НИВ,ТАА ГИ ВОДИ
ДО ЈАСЛИТЕ КАДЕ МЛАДЕНЕЦОТ СЕ РОДИ.
И ЅВЕЗДАТА ЗАСТАНА НА МЕСТОТО СВЕТО,
А ЛИЦЕТО НИВНО ВО РАДОСТ БЕШЕ СЕТО.
СЕ ПОКЛОНИЈА И ДАРОВИ ПРИНЕСОА:
ЗЛАТО,ТЕМЈАН И СМИРНА.
И ПРИМИЈА ВО СОНОТ ВЕСТ,НЕ СЕ ВРАТИЈА ПРИ ИРОДА
ЗАМИНАА ВО НОЌТА МИРНА
КАКО ЗАМИНАА ТИЕ АНГЕЛ ГОСПОДОВ СЕ ЈАВИ
И НА ЈОСИФ МУ ОБЈАВИ:
МЛАДЕНЕЦОТ И МАЈКАМУ ЗЕМИ ГИ ВО НОЌНО ВРЕМЕ ТИ
И ЗАМИНИ ВО ЕГИПЕТ ЗА МНОГУ ДНИ,
ЗОШТО ИРОД МЛАДЕНЕЦОТ НАСЕКАДЕ ГО БАРА
И ДА ГО ПОГУБИ ЌЕ СЕ ПОСТАРА
И ДОЈДЕ ДЕНОТ ИЗМИНА,МНОГУ.МНОГУ ВРЕМЕ
ИРОДА СМРТТА ДОЈДЕ ДА ГО ЗЕМЕ .
И АНГЕЛ ГОСПОДОВ НА ЈОСИФ ВО ЕГИПЕТ СЕ ЈАВИ
ИРОД ОД ПРЕСТОЛОТ СЕ ИСТАВИ
СО МЛАДЕНЕЦОТ НАСЕЛИ СЕ ВО ИЗРАЕЛСКАТА ЗЕМЈА ТИ
ДА СЕ ИСПОЛНИ КАЖАНОТО ОД ПРЕД МНОГУ ДНИ.

СОСТАВИЛ: В.С. ЛИСАВ КАВАДАРЦИ